• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Политички консензус за медиумска корупција преку злоупотреба на европско знаменце во Собранието

    Политички консензус за медиумска корупција преку злоупотреба на европско знаменце во Собранието

    • Категории Активности
    • Датум февруари 24, 2024

    Ние, професионалните новинарски организации и граѓанските здруженија од медиумскиот
    сектор во Македонија, категорично се спротивставуваме на обидите за враќање на државното рекламирање во медиумите пред изборите, спроведени преку скратена постапка и со злоупотреба на европското знаменце. Станува збор за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка кој е на второ читање во Собранието. Алармираме дека планираната измена на овој закон претставува сериозно нарушување на основните демократски процеси преку коja се загрозува улогата и независноста на медиумите и на медиумскиот регулатор.

    Посебни проблеми во ова несреќно законско решение на кои укажуваме се:

    Партиско влијание и зависност на медиумите: воведувањето на државните кампањи во медиумите, особено во предизборен контекст, може да се толкува како обид за партиски поткуп и создавање на зависност на медиумите, што сериозно ја компромитира нивната независност и медиумскиот плурализам, а со тоа и изборниот процес кој следи.

    Нарушување на медиумскиот пазар и на евро-интегративните процеси: злоупотребата на европското знаменце и примената на скратена постапка за промена на законите за медиумите ја избегнува потребната парламентарна дебата, нарушувајќи ги принципите на отчетност и транспарентност и на избегнување на партиското влијание.

    Игнорирани критики од експерти и меѓународни организации: медиумските експерти и меѓународните организации,  повеќе пати, изразија сериозни забелешки на предложените законски измени, оценувајќи ги како несинхронизирани со ЕУ директивите и штетни за медиумскиот пејзаж и јавниот интерес во Македонија.

    Противуставност на предложените измените: дел од предложените измените се во директен судир со основните уставни права на слобода на изразување и информирање, создавајќи нееднакви услови на пазарот за различен тип на медиуми и поткопувајќи ги принципите на рамноправност и транспарентност.

    Поради ова, бараме итно повлекување на предложените законски измени и апелираме до политичките партии да ги земат предвид нашите забелешки и предупредувања. Сметаме дека е крајно време да се формира Фонд за плурализам во медиумите, кој би поддржал квалитетно новинарство и разновидна програмска продукција во спротивност на државното рекламирање кое служи како алатка за политички влијание и контрола, како и да се земат предвид другите предложени можности како што е даночното ослободување за новинари и медиумски работници.

    Предложените решенија за кои се залагаме би овозможилe финансиска поддршка на медиумите без влијание на политичките агенди, обезбедувајќи рамнотежа и поддршка за независно и објективно известување, која е суштинска за здравата демократија и информираност на јавноста, а истовремено отвораат можност за воспоставување на механизми за гарантирање дека средствата ќе се користат и за подобрување и на квалитетот на новинарството и на социо-економската состојба на медиумските професионалци.

    Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

    Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

    Македонски институт за медиуми (МИМ)

    Институт за истражување на општествениот развој (РЕСИС)

    Институт за комуникациски студии (ИКС)

    Центар за развој на медиумите (ЦРМ)

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ и Секција на сниматели – актуелни предизвици и состојба на снимателите во медиумите
    февруари 24, 2024

    Следен

    ЗНМ: Пратеникот Апасиев не смее да етикетира медиуми
    март 4, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?