• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ПОЛИТИКИ НА РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ ВО БОРБАТА НА НАТО ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ И НАСИЛНИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ

    ПОЛИТИКИ НА РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ ВО БОРБАТА НА НАТО ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ И НАСИЛНИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ

    • Категории Активности
    • Датум декември 18, 2020

    Приклучувањето во НАТО ја подобри нашата соработка во делот на антитероризмот со останатите членки. Довербата којашто НАТО ја има во нас како полноправна членка е различна од тоа кога бевме само земја партнер – вели претседателот Стево Пендаровски и додава дека, во моментов, освен членството во Алијансата, не постои подобар механизам за одбрана на нашите стратешки безбедносни интереси како држава.

    Како полноправна членка на најмоќната политичко-воена Алијанса од март годинава, преку механизмите на координација во НАТО, Република Северна Македонија има можност да учествува во дефинирање на стратешките безбедносни интереси на Алијансата, притоа штитејќи ги и домашните интереси, вели шефот на државата Стево Пендаровски, Актуелниот претседател, кој своевремено ја извршуваше и функцијата национален координатор за НАТО, смета дека членството во Алијансата е најзначаен стратешки влог на земјата и е најдобар начин за заштита од терористички напади.

    -Едно од основните побарувања на НАТО до своите членки е токму вложувањето во развој и модернизација на вооружените сили и безбедносните капацитети. Како дел од НАТО, ние сме дел од најдобриот систем за размена на безбедносни информации, коишто ни помагаат и во борбата против тероризмот. Како полноправна членка, Северна Македонија учествува во работата на различни тела на Алијансата – воени, цивилни и безбедносни. Исто така, членството значи и дека ги исполнуваме посебните безбедносни критериуми. На тој начин се зголемува и довербата на НАТО во нашата држава, во однос на тоа како ги употребуваме и како ги користиме информациите коишто ги разменуваме – вели претседателот Пендаровски.

    На иста линија се и од Министерството за одбрана. Велат политиката на размена на информации подразбира градење и одржување на капацитетите, со што се подобрува севкупната отпорност на НАТО кон заканите од тероризам.

    -Република Северна Македонија е дел од глобалната Коалиција за борбата против насилниот екстремизам, па во таа насока се унапредуваат и политиките за развивање на соработката и размена на информации со останатите партнери од Алијансата. Притоа, ќе го споменеме последниот терористички напад во Виена, во којшто и напаѓачот и една од жртвите беа со потекло од нашата земја. Нашите безбедносни служби остварија итна комуникација со сродните служби од Австрија и Алијансата, разменувајќи релевантни сознанија поврзани со споменатиот насилен чин – велат од Министерството за одбрана.

    Ставот на земјите – членки од Алијансата е дека треба, со заеднички сили, да се борат против овој глобален проблем. Професорот од Факултетот за безбедност, Злате Димовски, во тој контекст, појаснува дека  организираните групи кои практицираат тероризам и насилен екстремизам не се од една јурисдикција и не делуваат на територија на една држава, па затоа и не може да се претпостави каде сè можат да се етаблираат и да нападнат. За таа цел, вели Димовски, се формираа меѓународни и национални тела кои споделуваат информации за активностите на овие групи.

    -Според сегашните пракси и искуства, секоја држава која на кој било начин ќе добие информација за подготовка на терористички акт или друго дејствие од страна на насилните екстремистички групи, задолжена е да ја дисеминира, да побара надополнување, потврдување, како и допрецизирање од другите земји – членки на НАТО, ако таа не може тоа да го стори, иако можеби информацијата во тој момент не е на ниво на готов анализиран производ. Ако, пак, се работи за готов аналитички продукт, тогаш по стандардизирани канали се доставува во централата на НАТО, а оттаму се информираат сите земји – членки и за секоја се дефинира потребата од каква активност треба да преземе – вели Димовски. Ваквиот начин на делување, смета професорот, доведе до отвореност на разузнавачките, контраразузнавачките и безбедносните служби и се избегна чување на информациите во фиока.

    Освен тоа, за поефикасно справување со овој вид на закани, потребно е и засилување на националните цивилно-воени капацитети, велат познавачите. Ставот го темелат на фактот што критичната инфраструктура не е во целосна сопственост на државата, па оттука вооружените сили, посебно оние директно вклучени за време на кризи и воени дејствија, за да си ја завршат работата зависат и од цивилните сектори, како што се транспортот, комуникациите, снабдувањето со храна и вода. Оттука, според експертите, треба да се интензивира соработката меѓу цивилниот и воениот сектор.

    Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата. Тој предвидува дека напад врз една земја – членка се смета за напад врз сите останати.

    Тероризмот претставува закана за користење или реално користење на насилство (терор) за постигнување на политички цели – вели професорката Тања Милошевска од Институтот за одбрана, безбедност и мир. Од друга страна, пак, вели професорката, насилниот екстремизам е насилен вид на мобилизација што има за цел да го подигне статусот на една група, додека исклучува или доминира над „други“ врз основа на обележја, како што се полот, религијата, културата и етничката припадност. Притоа, насилните екстремистички организации ги уништуваат постојните политички и културни институции и ги заменуваат со алтернативни структури на управување кои работат според принципите на тоталитарна и нетолерантна идеологија.

    – Потребно е државите да ги споделат своите емпириски истражувачки наоди за патеките на радикализацијата, трендовите и ризиците, како и да разменат информации поврзани со враќањето на странски терористички борци и насилни екстремисти во национални рамки – оценува Милошевска.

    На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО. Приклучувањето кон Сојузот го отвори прашањето дали можеби сега нашата земја ќе биде повеќе изложена на терористички закани. Од Министерството за одбрана смируваат. Велат дека стравот е неоправдан.

    – „Aтрактивноста“ за извршување на терористички напади не може да се определи само според членството на една држава во одреден Сојуз. Тоа зависи од целите и намерите на оние кои користат вакви средства. Како потврда може да послужат индивидуалните терористички акти, како оној врз поранешниот шведски премиер Улоф Палме во 1986 година и оној врз министерката Ана Линд во 2003 година, како и последниот напад во Виена. Ниту Шведска ниту Австрија се членки на НАТО. Од друга страна, ние го имавме обидот за атентат врз поранешниот претседател Киро Глигоров во 1995 година и терористичкиот чин во Куманово од 2015 година, кога Република Северна Македонија сè уште не беше членка на Алијансата. Па затоа, можеме да ја поставиме обратната теза – членството во НАТО, во голема мера, ги зајакнува нашите капацитети и нè прави посилни во превенцијата и борбата со заканата од тероризмот – велат од Министерството за одбрана.

    Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, професорот Нано Ружин вели дека Северна Македонија е привлечна земја за терористички напади исто колку и Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија и балтичките држави, но од досегашните искуства во ниту една од овие земји не се случил терористички напад во класичната смисла на зборот, како што е тоа пример со Велика Британија, САД, Франција, Шпанија и Германија.

    -Нашата држава не е толку атрактивна за терористички напади од повеќе причини. Беа нападнати поранешни колонијални сили или држави кои дирекно војувале со Исламската држава. Во Северна Македонија не постои арапска дијаспора, а нашата земја не е голема воено моќна држава. Освен тоа,  ние сме мултиетничко општество, а балканските џихадисти кои заминаа во војна во Ирак и Сирија, не заминаа водени од некоја екстремна доктрина, туку поради економско социјални проблеми во актуелниот и сиромашен Балкан – анализира Ружин за авторите на овој текст.

    НАТО, како организација која покрај воените се занимава и со сите други прашања релевантни за организацијата, посветува внимание и на кризата со ковид – 19. Во таа насока, претседателот Пендаровски оценува дека токму адаптибилноста на новите безбедносни предизвици е една од најсилните карактеристики на Алијансата.

    – Денес сме соочени со еден неочекуван предизвик, а тоа е глобалната пандемија на ковид – 19. Оваа состојба ни покажа дека системот на кризен менаџмент во земјата мора да го адаптираме на новите предизвици предизвикани од вирусот и сметам дека во следниот период тоа треба да биде клучен приоритет на земјата – дециден е шефот на државата.

    Според податоците на Европол, опасноста од тероризам остана непроменетa во текот на првата половина на 2020 година, што укажува на тоа дека, барем на краток рок, ковид-19 имаше минимално влијание врз нивото на терористичка закана во Европа.

                   -Бројот на напади инспирирани од џихадисти останува висок (најмалку шест во првaта половина од 2020 година, во споредба со седум напади во цела 2019 година) и сите биле извршени од „волци самотници“ кои користеле рудиментирано оружје, како што се ножеви или автомобили – вели професорката Милошевска.

    Автори на сторијата: Анита Димитријевска Велковска, Стојне Митева, Александар Ѓорѓиевски

    Оваа статија е изработена во рамки на проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници” (Building resilience against violent terrorism and extremism through reinforced journalists, media and government officials), финансиран од страна на Европската унија во рамки на програмата СТРИВЕ Глобал (Strengthening Resilience to Violent Extremism -STRIVE Global) преку Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering Violent Extremism)
    Содржината на статијата е одговорност единствено на авторите и ЗНМ, ИЕП и Институт Коница и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите и гледиштата на Европската Унија 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Работењето на професионалните медиуми на удар на плагијаторството
    декември 18, 2020

    Следен

    Улогата на медиумите во борба против насилниот екстремизам и тероризам
    декември 21, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    3.AJM_NL5 MK
    ЗНМ публикација: Упатство за етичко и професионално информирање за теми од судството
    30 март, 2023
    slika MK
    ЗНМ бележи негативни трендови во Извештајот за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите за 2022 година
    29 март, 2023
    znm
    Регионални активности и средба на секцијата на сниматели при ЗНМ во Велес
    28 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?