ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Како подобро да управувам со личните финансии, да штедиме и да носиме информирани финансиски одлуки? И уште поважно за новинарите – како да ги разбираме бројките и финансиските извештаи зад економските приказни?
Т-АЈМ организира обука за финансиска писменост на 17 октомври во Скопје, со комбинација на теоретски содржини, практични вежби и анализа на реални примери.
💡 На обуката ќе научите:
- како да поставувате финансиски цели и креирате личен буџет;
- техники за штедење и управување со долгови;
- основи на инвестирањето;
- како да се читаат билансот на состојба, билансот на успех и извештајот за парични текови;
- како да се интерпретираат финансиските показатели и пазарните трендови;
- како да се анализираат финансиски извештаи и новинарски текстови.
Обуката е наменета за новинари и медиумски работници кои сакаат да ги унапредат своите знаења за личните и деловните финансии.
Пријавите се поднесуваат електронски, на следниот линк: https://tajm.org.mk/training?id=171
Или на е-меил со назнака „АПЛИКАЦИЈА ЗА Т-АЈМ ОБУКА“на следнава е-пошта: info@t-ajm.org.mk
Краен рок за аплицирање е 11.10.2026 година.
*Трошоците за пат и сместување за учесниците од другите градови ќе бидат покриени од страна на организаторот.
