ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТЕН КАМП ЗА МЛАДИ НОВИНАРИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавува „Повик за аплицирање за учество на Летен камп за млади новинари“ кој ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули 2022 година во Охрид.
Кампот е пред сè наменет за млади новинари (до 35 години) кои секојдневно се занимаваат со ангажирано и напредно новинарско известување.
Кампот ќе се одржи на брегот на Oхридското Езеро и ќе биде реализиран преку балансирана програма со информативни, едукативни и забавни содржини.
Целта на овој настан е преку дружење и размена на искуства и вештини да придонесе кон градење на капацитетите и унапредување на професионалните стандарди на младите новинари во редакциите. Клучен акцент ќе се даде и на подобрувањето на соработката на младите новинари со своите поискусни колеги во редакциите како и потребата од континуирано новинарско формално и неформално образование.
Во рамките на активностите кои се предвидени во работниот дел на летниот камп, покрај едукативни презентации водени од искусни тренери, интерактивни работилници и работа во групи преку неформални средби и заеднички дружби ќе се разменат и практични искуства помеѓу предавачите и учесниците.
Сите заинтересирани за пријавување на летниот камп потребно е да достават:
- Кратка биографија во електронска форма (Word, pdf),
- Краток текст (не повеќе од 300 карактери) – што ве мотивира да учествувате на летен камп за млади новинари?
Пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 03 јули 2022 година и тоа:
На електронска пошта: mspirovski@znm.org.mk
За сите дополнителни информации лице за контакт: Милан Спировски – 02/3298-139.
Сите трошоци за учесниците за локален транспорт, сместување и храна ќе бидат покриени. По завршување на летниот камп секој учесник ќе добие сертификат за своето учество од страна на организаторите.
Насловот на електронската порака/мејл треба да гласи „АПЛИКАЦИЈА ЗА ЛЕТЕН КАМП“ а секој апликант ќе добие повратна порака за прием.
Ќе бидат земени предвид само пријавите пристигнати заклучно со 03.07.2022 година.