Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во рамки на проектот „Зајакнување на етичкото известување во Северна Македонија за интеграцијата во ЕУ “, организира еднодневна обука за новинари што ќе се одржи на 21 октомври 2026 година во Клубот на новинари.
Обуката ќе биде интерактивна и практично ориентирана, со примери и вежби од домашен контекст, наменета за новинари и медиумски работници кои известуваат за евроинтеграциите, домашните реформи и економијата, со цел да им помогне професионално да ја информираат јавноста за сложениот процес на пристапување кон ЕУ.
Теми во фокус:
- Структурата на клучните ЕУ институции и логиката зад процесот на зачленување.
- Како во пракса се одвиваат скринингот, преговорите и улогата на ЕК и државите членки.
- Разликување на клучните ЕУ документи и препознавање на нивната различна политичка и правна тежина.
- Како да се „преведат и објаснат“ комплицирани ЕУ информации на јазик разбирлив за јавноста
Обуката се очекува да придонесе кон:
- Развивање вештини за самостојно наоѓање и правилно користење на официјалните, примарни извори на Унијата.
- Јасно разликување на дневна политичка изјава од официјален, институционален факт.
- Поголемо разбирање на сложените механизми и правила на условеност кои ги диктираат фазите на преговорите.
- Подобрен капацитет за критичка обработка на информациите поврзани со евроинтегративниот процес.
Рокот за аплицирање е 19.10.2026 година.
Пријавата можете да ја поднесете електронски на e-mаil адресата contact@znm.org.mk со назнака: „АПЛИКАЦИЈА ЗА Т-АЈМ ОБУКА–„Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции“.
За дополнителни информации, контакт лице: Верче Тодоровска Костовска; vkostovska@znm.org.mk 02/3298-139.
Обуката се реализира со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на ова барањее единствена одговорност на ЗНМи на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС.
