ПОВИК ЗА УЧЕСТВО: КАМП ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МЛАДИ НОВИНАРИ ВО ОХРИД

Дали сте млад/а новинар/ка под 35 години? Сакате да стекнете знаења за дигитална и физичка безбедност, да се поврзете со врсници и да учите од искусни медиумски професионалци?
Доколку е така, Ве покануваме да се пријавите за учество на Камп за безбедност на млади новинари, од 08 до 12 јули 2025 година, во хотел Метропол во Охрид, организиран од Мисија на ОБСЕ во Скопје во партнерство со ЗНМ.
Овој камп, кој по четврти пат традиционално се организира од страна на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе го подобри вашето знаење за дигиталната безбедност и вештините за самозаштита. Со оглед на актуелните закани за безбедноста на новинарите, овој камп дава можност за обука и размена на искуства кои се од витално значење за справување со заканите во дигиталниот простор.
Зошто да учествувате?
– Стекнување знаења за следните теми: правна заштита и институционални механизми за поддршка; психолошка и ментална отпорност во новинарството; практична обука за дигитална безбедност и сајбер хигиена и справување со СЛАПП тужби.
– Вмрежување: Вклучување во интерактивни дискусии меѓу учесниците и споделување искуства со колегите новинари.
– Соработка: Работа со органи за спроведување на законот со цел разбирање на нивната улога во одржување на безбедноста на новинарите.
Критериуми за аплицирање:
1. Кратка биографија во електронска форма (Word или PDF).
2. Краток текст (не повеќе од 300 карактери) кој објаснува што Ве мотивира да учествувате на овој камп.
Детали за поднесување:
– Испратете ја Вашата апликација на mspirovski@znm.org.mk
– Предмет: „АПЛИКАЦИЈА ЗА КАМП 2025“.
– Рок: 25.06.2025 година
Сите трошоци на учесниците ќе бидат покриени, вклучувајќи превоз, сместување и храна. Посебно ги охрабруваме младите новинари кои не се од Скопје да се пријават.
По завршувањето, учесниците ќе добијат сертификат за учество.
За дополнителни информации, контакт лице: Милан Спировски на 02/3298-139.
