• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Повик за работилница: Станете мобилен новинар!

    Повик за работилница: Станете мобилен новинар!

    • Категории Активности
    • Датум август 19, 2020

    Дали сте новинар или медиумски професионалец кој го користи својот паметен телефон само за телефонски повици и пораки? Вашиот мобилен телефон е многу повеќе од комуникациски уред. Тој е фотоапарат и моќна камера, диктафон и уред за монтажа на фотографии и видеа. 

    Со соодветни вештини кои можете да ги стекнете лесно, паметниот телефон ќе ви овозможи сѐ што ви е потребно за креирање моќни новинарски приказни.

    „Томсон медија“ ве поканува да се вклучите во бесплатниот онлајн курс за почетници во мобилно новинарство, каде што преку практични вежби ќе научите да правите моќни фотографии, да снимате аудио и видео и да монтирате новинарски приказни на вашиот мобилен телефон.

    Ќе научите како да размислувате како мобилен новинар кој ги користи својот паметен телефон и новостекнатите вештини за независно производство на квалитетни медиумски содржини.

    Што ќе научите: 

    • Основи на мобилното новинарство и неговите предности;
    • Како да ја преземете контролата над камерата на вашиот мобилен телефон;
    • Како да фотографирате и да снимате аудио и видео со вашиот телефон;
    • Како да ги монтирате новинарските приказни на вашиот мобилен телефон со бесплатни апликации.

    Овој онлајн курс ви овозможува да го завршите според вашата сопствена динамика, а материјалите за курсот ќе ви бидат достапни веднаш штом ќе се запишете. Ќе ви бидат потребни околу 4 часа за да го завршите курсот низ повеќе сесии.

    Учесниците кои успешно ќе го завршат бесплатниот онлајн курс ќе бидат земени предвид за напредна обука за мобилно новинарство, поддржана од искусни ментори.

    Курсот го води главниот регионален тренер на „Томсон медија“, Александар Манасиев, искусен новинар и уредник на дигиталниот медиум Види Вака. 

    Специјален гостин на курсот е Глен Мулкахи, пионер во мобилното новинарство, кој го инспирираше и го промовираше растот на мобилното новинарство низ целиот свет.

    Регистрирајте се и запишете се на курсот: Добијте сертификат и станете мобилен новинар под наше менторство!

    Врска до страница за регистрација: Мобилно новинарство – почетен курс

    За повеќе информации во врска со нашиот онлајн курс за мобилно новинарство, контактирајте со Маја Васиќ-Николиќ на: majavn@thomsonfoundation.org. 

    Курсот е организиран во рамките на проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“ кој го спроведува БИРН Хаб во партнерство со: Томсон Медиа gGmbH (ТМ), Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Централноевропскиот универзитет (Центар за медиуми, податоци и општество на ЦЕУ), Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа  (МАСЕЕ), Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора (ЦИН ЦГ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници во Македонија (ССНМ), БИРН Албанија и БИРН Србија.

    Проектот е финансиран од ЕвропаАид / Европската комисија преку својата Регионална програма за обука и поддршка за подобрување на квалитетот и професионалноста во новинарството.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ и ССНМ: ОЈО да го преиспита случајот со Златев
    август 19, 2020

    Следен

    Оглас за ангажирање на Координатор - Истражувач
    август 25, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023
    ZNM
    На иницијатива на ЗНМ, одржана втора средба во АВМУ на тема – зајакнување на дописничката мрежа на националните концесионери
    31 јануари, 2023
    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?