Повик за пријавување за изработка на „Насоки за дефинирање на стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) во локален контекст“, преку студија на случај и препораки за поголема правна сигурност на новинарите и медиумските работници во РСМ

Референтен број: 4500481723 – AJM – 002
Наслов на проектот: „Стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) за новинарите се шамар за граѓаните и јавниот интерес“ (SLAPP FOR JOURNALISTS IS A SLAP FOR THE CITIZENS AND THE PUBLIC INTEREST)
Лот: Ц.1.3 – Публикации – Насоки (Guidelines – C.3)
Потреби и цели
Во рамките на проектот „Стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) за новинарите се шамар за граѓаните и јавниот интерес“ (SLAPP FOR JOURNALISTS IS A SLAP FOR THE CITIZENS AND THE PUBLIC INTEREST), финансиран од програмата на УНЕСКО – “Global Media Defence Fund”, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), предвидена е изработка на Насоки за дефинирање на стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) во локален контекст, со цел подобрување на правната заштита на новинарите. Насоките исто така се очекува да придонесат за подобро разбирање од страна на новинарите, медиумските работници и другите засегнати страни (правосудство и адвокати) пред се што претставуваат/значат , како навремено да бидат препознаени и како да се реагира кога новинарите, медиумските работници, но и судиите и адвокатите ќе се соочуваат со таква ситуација.
SLAPP тужбите (познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество) имаат за цел да ги заплашат и финансиски да ги исцрпат тужените новинари или медиуми. Кога се иницирани од политичари и носители на јавни функции, или бизнис моќници, овие тужби можат да предизвикаат страв и самоцензура кај новинарите, а со тоа и нарушување на правото на граѓаните да бидат информирани.
За таа цел ЗНМ има потреба да ангажира двајца експерти како надворешни соработници со задача да подготват Насоки кои:
- Ќе помогнат за дефинирање на стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) во локален контекст, преку посочување на различни видови притисоци врз новинарите и клучните разлики меѓу нив и стратешките тужби против јавното учество, што како чекор е важно за сите засегнати страни: судството, адвокатите, новинарите и пошироката јавност
- Ќе придонесе за подигање на јавната свест за негативните последици од стратешките тужби против јавното учество врз новинарите и слободата на изразување.
- Ќе служи како основа за развој на стратегии и обликување на идни активности на ЗНМ насочени кон зајакнување на безбедноста на новинарите во земјата, како и помагање на новинарите да се справат со последиците од закани, напади и притисоци преку користење на стратешките тужби против јавното учество.
Информации за повикот
Постапка: Отворен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Повеќе информации за повикот видете тука.
Потребни документи
- Биографија
- Изјава (Анекс 1),
- Финансиска понуда (Анекс 2)
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)
Начин и рок на аплицирање Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (биографија, доказ за резидентност, и пополнети Анекс 1 и Анекс 2) преку електронска пошта на следниве адреси contact@znm.org.mk и vkostovska@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик 4500481723 – AJM – 002“.
Крајниот рок за доставување на апликации е 21.08.2023 (понеделник) до 24 часот, ЦЕВ.