• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Повик за пријавување за изработка на кампања за подигнување на свеста за системски промени во медиумскиот сектор, јакнење на новинарската солидарност и важноста од членство во еснафски организации

    Повик за пријавување за изработка на кампања за подигнување на свеста за системски промени во медиумскиот сектор, јакнење на новинарската солидарност и важноста од членство во еснафски организации

    • Категории Активности
    • Датум август 29, 2024

    Во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ (Safeguarding the freedom of expression and independence of media as pillars of democracy in the Republic of North Macedonia), финансиран од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), предвидена е изработка на кампања за подигање на свеста за потребите од системски промени во медиумскиот сектор што ќе придонесат за  правата на новинарите, слободата на изразување и независноста на медиумите во земјата.

    Контекст

    Како што е наведено во повеќе релевантни меѓународни (EU, US Department of State, RsF, Amnesty International) и национални (2022 National report, 2022 Journalists’ Safety Index) извештаи, состојбата со новинарството во Северна Македонија, и покрај одредени подобрувања на општата климата за независноста на медиумите, останува кревка. Поларизација, недостаток на плурализам, лошите работни услови и неодржливоста на преголем број медиумски компании го карактеризираат општиот медиумски пејзаж во земјата.

    Дополнително, според заклучоците од извештајот на Мисијата за утврдување на факти (јуни 2023) и во Мета дата извештајот, како и од наодите од анкетата на членството на ЗНМ, спроведена за потребите за изработка на Стратешкиот план на здружението за периодот 2023-2026 година, меѓу клучните теми посочени како сериозен предизвик за новинарите и медиумските работници е и финансиската (не)зависност од медиумите и улогата и важноста на професионалното новинарство за едно демократско општество.  

    Во таа смисла, е и потребата од поширока кампања, како моќен метод за влијание и подигање на свеста за суштината и значењето на потребите од системски промени во медиумскиот сектор што ќе придонесат за правата на новинарите, слободата на изразување и независноста на медиумите во земјата. Интенцијата е да се допре до што поголем број од оние кои ги креираат и ги носат законските решенија со кои се уредува материјата од областа на медиумските права и слободи.

    Целната публика се и граѓански организации кои се занимаваат со прашања од областа на медиумски слободи, но не само тие: со организирање на информативна кампања важно е да се подигне свеста кај пошироката јавност дека медиумските политики подеднакво влијаат на сите граѓани, не само на новинарите.

    Цел на повикот:

    Целта на овој повик е ангажирање на надворешен оператор – давател на услуги за изработка на кампања за подигање на свеста за суштината и значењето на потребите од системски промени во медиумскиот сектор што ќе придонесат за правата на новинарите, слободата на изразување и независноста на медиумите во земјата.

    Кампањата треба да придонесе кон:

    • Зголемување на видливоста на активностите кои Здружението на новинарите на Македонија ги спроведува за подобрување на законските решенија и унапредување на правата и состојбите за општата безбедност на новинарите и медиумски работници во земјата;
    • Поттикнување на позитивни промени во медиумските политики, преку јакнење на новинарската солидарност и важноста од членство во еснафски организации;
    • Подигнување на јавната свест, особено кај пошироката јавност, за важноста на улогата на професионалното новинарство во демократското општество и зошто слободниот и навремен пристап до информации е важен за јавноста.

    Повеќе информации за потребите и техничките услови за овој повик видете тука. 

    Информации за повикот

    Постапка: Отворен / јавен повик

    Тип на договор: Договор за набавка на услуги

    Потребни документи

    • Портфолио за професионално искуство, со детали и референци за завршени најмалку 3 слични проекти
    • Професионални биографии на клучните лица за графика и визуализација и комуникација, согласно барањата наведени во документот „Технички услови“
    • Изјава (Анекс 2)
    • Финансиска понуда (Анекс 3) со детален временски план за спроведување на сите активности,
    • Тековна состојба од ЦРМ (не постара од 6 месеци)

    Начин и рок на аплицирање

    Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (портфолио, биографии, тековна состојба, и пополнети Анекс 2 и Анекс 3), преку електронска пошта на следниве адреси contact@znm.org.mk и bnasteska@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик IPA/2022/440-473-AJM – 010“. 

    Крајниот рок за доставување на апликации е 11.09.2024 (среда) до 24ч, ЦЕВ.

    Референтен број: IPA/2022/440-473-AJM – 0010

    Наслов на проектот: „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ (Safeguarding the freedom of expression and independence of media as pillars of democracy in the Republic of North Macedonia)

    Лот: 5.8.2 Кампања за подигање на свеста за потребите во медиумскиот сектор (Awareness raising campaign on the needs in the media sector (A3.1.1))

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Почина колегата Менде Младеновски
    август 29, 2024

    Следен

    ЗНМ: Јавна поука за непримерното барање за извинување од ЈП Паркови и зеленило и најавата за СЛАПП тужба
    септември 4, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    13 октомври, 2026
    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (3)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?