Повик за пријавување за изработка на анализа – документ за политики на тема: транспарентноста на единиците на локалната самоуправа за трошењето на јавни средства во медиумите

Во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), предвидена е изработка на анализа поврзана со состојбите и предизвиците кои ги засегаат новинарите, слободата на изразување и независноста на медиумите, односно транспарентноста на единиците на локалната самоуправа за трошењето на јавни средства за медиумско известување со цел да се обезбеди посеопфатна слика за тоа каде сме, но и каде сакаме да бидеме кога станува збор за правата на новинарите, слободата на изразување и транспарентноста на општините за трошењето на јавните средства за медиумско известување.
Контекст
Како што е наведено во повеќе релевантни меѓународни (EU, US Department of State, RsF, Amnesty International) и национални (North Macedonia – Indicators on the Level of Media Freedom and Journalists′ Safety Index 2023) извештаи, состојбата со новинарството во Северна Македонија, и покрај одредени подобрувања на општата климата за независноста на медиумите, останува кревка. Поларизација, недостаток на плурализам, лошите работни услови и неодржливоста на преголем број медиумски компании го карактеризираат општиот медиумски пејзаж во земјата.
Дополнително, според заклучоците од извештајот на Мисијата за утврдување на факти (јуни 2023) и во Мета дата извештајот, како и од наодите од анкетата на членството на ЗНМ, спроведена за потребите за изработка на Стратешкиот план на здружението за периодот 2023-2026 година, една од клучните теми посочена како сериозен предизвик за новинарите и медиумските работници е транспарентноста на владините и јавните институции на државно (национално) и општинско (локално) ниво, особено кога се работи за навремено доставување информации од јавен интерес до медиумите – тренд кој повторно се појави за време на пандемијата и е сериозен предизвик за истражувачките новинари, но и за сите останати кои за своето дневно известување на јавноста ги користат механизмите за слободен пристап до информации.
Цел на повикот:
Целта на овој повик е ангажирање на надворешен соработник / тим на соработници за изработка на една анализа /документ за политики каде детално ќе биде прикажана состојбата и предизвиците кои ги засегаат новинарите врзано за транспарентноста на општинските и јавните институции на локално ниво со осврт / сеопфатна слика за тоа каде сме сега, како и финансиската транспарентност на општините која се однесува на вклучување на јавноста во сите фази на подготовка и на извршување на локалниот буџет. Транспарентноста е суштинска алатка на локалното владеење, која им овозможува на локалните граѓани да ги повикаат локалните институции на одговорност и да ја подобрат испораката на локалните услуги. Транспарентноста се однесува на јасноста, веродостојноста, навременоста, соодветноста на јавното финансиско известување и на отвореноста на информациите што се јавно достапни.
- Анализа / Документ за политики: Транспарентноста на единиците на локалната самоуправа за трошењето на јавни средства за медиумско известување
Повеќе информации за потребите и техничките услови за овој повик видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Потребни документи
- Биографија (CV)
- Изјава (Анекс 2),
- Финансиска понуда (Анекс 3)
- Формулар за пријавување (Анекс 4)
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (биографија, доказ за резидентност, и пополнети Анекс 2, Анекс 3 и Анекс 4) преку електронска пошта на следниве адреси contact@znm.org.mk и bnasteska@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик IPA/2022/440-473-AJM – 012“.
Крајниот рок за доставување на апликации е 18.04.2025 (петок) до 24ч, ЦЕВ.
Референтен број: IPA/2022/440-473-AJM – 012
Наслов на проектот: „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ (Safeguarding the freedom of expression and independence of media as pillars of democracy in the Republic of North Macedonia)
Лот: 5.2.2 – Публикации – Анализи (Two Position papers on media related needs (A1.2.2)
