• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Повик за поддршка за изработка на стручни авторски текстови на тема: „Транспарентноста на институциите на власта (на национално ниво и општинско ниво) и пристапот до информации од јавен карактер поврзано со професионалната работата на новинарите – Помеѓу теорија и пракса“

    Повик за поддршка за изработка на стручни авторски текстови на тема: „Транспарентноста на институциите на власта (на национално ниво и општинско ниво) и пристапот до информации од јавен карактер поврзано со професионалната работата на новинарите – Помеѓу теорија и пракса“

    • Категории Активности
    • Датум мај 10, 2024

    Во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ (Safeguarding the freedom of expression and independence of media as pillars of democracy in the Republic of North Macedonia), финансиран од страна на Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), отворен е повик за поддршка на автори за изработка на четири стручни авторски текстови на теми поврзани со состојбата и предизвиците кои ги засегаат новинарите а се однесуваат на транспарентноста на владините и јавните институции , како на државно така и на општинско ниво, и за навремено доставување информации од јавен интерес до медиумите.  

    Цел на повикот

    Една од клучните теми посочена како сериозен предизвик за новинарите и медиумските работници е транспарентноста на владините и јавните институции, како на државно (национално) така и на општинско (локално) ниво, особено кога се работи за навремено доставување информации од јавен интерес до медиумите –  тренд кој повторно се појави за време на пандемијата и е сериозен предизвик за истражувачките новинари, но и за сите останати кои за своето дневно известување на јавноста ги користат механизмите за слободен пристап до информации.

    Овој конкурс е со цел да се зголеми видливоста и да се истакнат предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници при нивната работа (исто така ставајќи го фокусот на родово чувствителните прашања), кога станува збор за отвореноста и достапноста на институциите да овозможат пристап до информации од јавен карактер (и од важност за јавниот интерес) , вклучително за посеопфатно покривање на примери за (не)реакциите на соодветните институции што треба да го спроведуваат законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,   причините за отсуството на транспарентност (дали тоа го дозволуваат пропустите на постојните законски решенија, или е резултат на индивидуални толкувања), (не)познавањето на постапките за пристап до информации од јавен карактер од страна на барателите на информации (во случајот новинарите), и слично.

    Кој може да аплицира на повикот?

    На конкурсот може да аплицираат сите новинари од државата без оглед на тоа дали во моментот имаат или не ангажман во медиум. Освен новинари, на конкурсот може да аплицираат и лица кои имаат познавања и искуство од правната регулатива како и пракса во контекст на слободниот пристап до информации од јавен карактер (и од важност за јавниот интерес).

    Услови

    Сите текстови треба да бидат изработени според највисоките професионални и етички стандарди и почитување на кодексот на новинарите.  Финалниот текст треба да биде помеѓу 1.500 и 2.000 зборови. Во рамки на текстот потребно е да се користат исклучиво авторски фотографии

    Начин и рок на аплицирање

    Заинтересираните новинари треба да го пополнат формуларот (симнете тука) во кој ќе ја образложат својата идеја и да го испратат на contact@znm.org.mk и bnasteska@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик IPA/2022/440-473-AJM – 009“.  Крајниот рок за аплицирање е 31 мај 2024, до 24 часот ЦЕВ.

    Избор

    Изборот на лицата кои ќе бидат поддржани ќе го направи тричлена комисија составена од претставници на ЗНМ. Насоките на истражувањето и спецификите на темата која ќе се обработува ќе бидат утврдени во координација со ЗНМ.  

    Фонд

    Фондот за надомест по авторски труд изнесува 30.000 денари бруто.

    Референтен број: IPA/2022/440-473-AJM – 009 Наслов на проектот: „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ (Safeguarding the freedom of expression and independence of media as pillars of democracy in the Republic of North Macedonia) Лот: 5.8.1 – Тематски стории  (A2.3.2)

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Повик за пријавување за изработка на два документи за политики на тема: Tранспарентноста на институциите на власта (на национално ниво и на општинско ниво)  и пристапот до информации од јавен карактер поврзано со професионалната работа на новинарите
    мај 10, 2024

    Следен

    ЈАВЕН ПОВИК за доставување пријави за учество на новинари и медиумски работници на дводневна обука на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“ 17-19 јуни 2024
    мај 21, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (80)
    Одржана Т-АЈМ обука за слобода на изразување, безбедност, истражување и етика во новинарството
    21 септември, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?