Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Повик за обуки за млади новинари

ZNM
Monday 4 February, 2019Monday 4 February, 2019/ Monday 4 February, 2019

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Институтот Алфред Френдли од Мисури – САД, во 2019 година ќе организираат обуки за млади новинари кои ќе бидат фокусирани на мобилно новинарство, новинарство базирано на податоци, визуелно новинарство и користење на социјалните мрежи при известување.

За обуките можат да аплицираат млади новинари на возраст од 23 до 35 години со најмалку 2 годишно работно искуство, а обуките ќе траат од април до септември 2019 година. Целта на оваа програма е да се создаде глобална мрежа од 15 новинари кои ќе бидат обучени за користење на дигиталните алатки и техники и ќе научат да ги применуваат најсовремените европски техники.

Во улога на обучувачи ќе бидат искусни домашни медиумски експерти како и наградувани новинари од САД кои соработуваат со Институтот Алфред Френдли. По завршувањето на обуките сите учесници ќе добијат сертификат за успешно завршени обуки, а ќе бидат доделени и награди за новинарите кои ќе произведат најдобри стории.

Повеќе детали за програмата како и формуларот за аплицирање можете да ги најдете на следниoт линк.

Главни предуслови за учество во оваа програма се солидно познавање на англискиот јазик, како и минимум 2 годишно работно искуство во новинарството. Крајниот рок за аплицирање е 22 февруари, 2019 година.

Овие обуки се организираат со помош на амбасадата на САД во Скопје.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: