ПОВИК ЗА ОБУКА

Повик за обука на новинари кои имаат неколку годишно искуство, млади новинари и студенти во рамките на проектот „Градење на отпорност против насилниот екстремизам и тероризам преку зајакнати новинари, медиуми и владини претставници“
Позадина
Во 2018 година, Република Северна Македонија ја усвои третата Национална стратегија за борба против тероризмот (2018-2022) со што се придружи на растечката владина и невладина заедница за градење на отпорност против насилниот екстремизам (НЕ) и тероризам, особено заради чувствителните области во земјата подложни на поттикнувачите на НЕ. Во Националната стратегија, медиумите беа претставени како важен актер при спротивставувањето на насилниот екстремизам и тероризам. Според Стратегијата, всушност „Владата на РСМ има општествена и колективна одговорност да се справи со насилниот екстремизам и заканата од тероризам преку верски, локален, медиумски и едукативен пристап нагласувајќи ги силните страни и предностите во поглед на зачувувањето на кохезијата на општеството“.
Иако им се уважува значајната улога, сепак медиумите и новинарите немаат добиено едукација за начините на известување и борбата со насилниот екстремизам и тероризам (БНЕ). Доказ за оваа изјава претставува непостоењето на заеднички протокол во земјата за известување за насилниот екстремизам и тероризам од страна на медиумите и владините претставници, како и невклучувањето или споменувањето на НЕ во Етичкиот кодекс на новинарите. И покрај преземените мерки на национално ниво, главно од владините институции, тероризмот и насилните екстремистички закани и понатаму се развиваат во земјата и се прилагодуваат на современиот начин на живот.
Важно е да се напомене дека иако не е посветено значително внимание на едукација на медиумите и новинарите, последните години се забележуваат значителни акциски планови на национално и меѓународно ниво кои ја посочија важноста на нивната улога. Горенаведената Национална стратегија, а на ниво на ЕУ и документот за „Регрутирање на терористи: адресирање на факторите кои придонесуваат кон насилната радикализација“, се сеопфатни документи бидејќи им даваат приоритет на медиумите како почетна точка за одржливиот и заедничкиот напор против насилниот екстремизам и тероризам. Покрај тоа, Глобалната стратегија за борба против тероризмот на ООН, содржана во Резолуција 60/288 од 8 септември 2006 година и Резолуцијата 68/276 од 13 јуни 2014 година, повторува дека „медиумите имаат важна улога при промовирањето на толеранцијата и олеснувањето на разбирањето, вклучително и дијалогот и почитувањето на верската и културната разновидност и човековите права“ како начин за борба против насилниот екстремизам.
Друго прашање со кое се соочуваат новинарите во Северна Македонија со мал број на исклучоци, е фактот што честопати не се свесни за динамиката на создавање на потенцијалот за насилен екстремизам и тероризам. Во главно, тие пренесуваат или однапред дефинирани информации од регионални / меѓународни медиуми или сензационалистички вести (кои честопати водат кон заблуда), без да се земе предвид генералниот контекст во земјата или нивното влијание врз општата популација (крајните корисници). Во отсуство на поголема медиумска писменост во земјата, постои помал отпор кон радикализацијата и медиумските актери, особено новинарите кои се претежно неутрални, случајни посматрачи. Сопствениците на медиуми немаат финансиски ресурси за да инвестираат во градењето на капацитетите на своите новинари, а ограничената достапност на новинарите во редакциите кои што работат со голем број на теми ја овозможува незаинтересираноста за НЕ и тероризам.
Информации за обуката
Здружението на новинари на Македонија во партнерство со Иницијатива за европска перспектива ИЕП и Институтот КОНИЦА го започнаа проектот насловен како „Градење на отпорност против насилниот екстремизам и тероризам преку зајакнати новинари, медиуми и владини претставници“. Проектот е финансиран од Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering Violent Extremism), Абу Даби во рамките на глобалната програма STRIVE програмирана од ЕУ.
Цел на обуката
Главната цел на обуката е да се постигне општо разбирање на новинарите за начинот како да се известува за случаите поврзани со насилен екстремизам и тероризам.
Програмата е дизајнирана да им помогне на новинарите и другите медиумски професионалци да ја завршат својата работа со информирање на јавноста за овие специфични настани. Една од целите на работилниците, покрај градењето на капацитетите на новинарите за објективно известување за насилниот екстремизам и тероризам и користењето на соодветниот етички кодекс поврзан со известувањето за тероризам (користење на соодветниот говор, избегнување на злоупотреба на слики кои што ги нарушуваат правата на жртвите, итн.).Сево ова ќе треба да придонесе кон одржливоста на оваа активност во иднина. Ова значи дека обуката не само што ќе им овозможи на учесниците стекнување на ново знаење, туку исто така ќе ги мотивира да го користат истото во пракса, а со тоа ќе придонесат кон ублажување на негативните ефекти при известувањето за насилен екстремизам и тероризам.
Генерални информации
Трите работилници ќе се одржат преку интернет во ноември 2020 година. Термините за секоја од тридневните работилници дополнително ќе се потврдат.
Обуката ќе ја одржат двајца реномирани професори.
- Проф.д-р. Никола Дујовски од РСМ, кој има големо искуство и знаење на оваа тема и повеќе ќе се фокусира на ситуацијата во Македонија за насилниот екстремизам и тероризам, како и за известувањето на новинарите како реакција на овие настани.
- Проф.д-р. Дејан Миленковиќ од Србија, кој ќе зборува за состојбата со насилниот екстремизам и тероризам во Западен Балкан, Европа и во светот, анализирајќи ги најпознатите терористички напади и известувањето за нив.
Работен јазик на обуката
Обуката ќе се одржи на македонски и српски јазик. Ќе се обезбеди симултан превод на македонски и албански јазик.
Целна група
Овие 3 тридневни работилници за обука преку Интернет (приближно 4 часа на ден, почнувајќи од 9:30 – 13:30 часот) се наменети за новинари кои имаат неколку годишно искуство, млади новинари и студенти по новинарство или други сродни области како што се општествените и политичките науки и за оние кои сакаат да се стекнат со нови и / или ги продлабочуваат своите знаења и вештини при известување за случаите поврзани со насилен екстремизам и тероризам. Бројот на учесници е ограничен на максимум 20 по обука и сите обуки ќе бидат организирани во ноември.
Како да аплицирате?
Заинтересираните кандидати треба да ги испратат следниве документи:
- Мотивациско писмо со објаснување за мотивацијата за учество во оваа обука и биографија
најдоцна до 30 октомври 2020 година, во 24:00 часот (CET), на следнава е-адреса:
contact@znm.org.mk, со наслов: Пријава на повикот за обука
Избраните кандидати ќе се контактираат и ќе им се обезбедат дополнителни информации за датумот и времето за секоја од работилниците.
Можности и перспективи
Еден од резултатите од обуката е создавање на тематски статии од самите учесниците како практична примена на нивното стекнато знаење од обуката.
По завршувањето на секоја од работилниците учесниците, групирани во тимови од 4-5 лица со различно ниво на искуство ќе добијат барање да напишат тематски статии (максимум по 3 страници од приказна) за насилниот екстремизам и тероризмот. Додека ги подготвуваат тематските статии, тимовите ќе добијат уредничка помош од постари колеги.
Намерата е да се добијат 12 тематски статии кои што ќе се преведат (на албански или македонски јазик) и ќе се промовираат преку on-line платформите на партнерите во проектот (веб-страници, канали на социјални медиуми, итн.).
За создавање на една тематска статија е предвиден надоместок 24.500 МКД по статија.