Повик за новинари за учество на работилница на теми поврзани со вештачка интелигенција и дигитална безбедност

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (КАС), предвидува одржување на тродневна работилница на тема „ВИ во редакциите во Северна Македонија: Потрагата по балансот помеѓу напредокот и иновациите наспроти безбедноста “.
За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување пријави од новинари за учество на, оваа тродневна работилница што треба да придонесе кон подобрување на нивните знаења и вештини за можностите и предизвиците кои ги носи современата технологија и користењето на ВИ (Вештачка интелигенција) апликациите во секојдневното работење.
Дополнително, на обуката учесниците ќе имаат можност да стекнат теоретско, но и практично знаење за идентификување и преземање мерки за заштита од повеќе форми на дигитални закани со цел да ја зајакнат онлајн безбедноста и заштитата на податоците и изворите при спроведување на новинарски истражувања
Обуката, на која е предвидено учество на 20 новинари, редовни членови на ЗНМ, како и студенти по новинарство и останати заинтересирани, што ќе се одржи од 11 до 13 декември 2024 година во хотел Монтана во Крушево.
Обуката ќе биде реализирана од страна на искусни новинари и други експерти во областа.
Сите трошоци за учесниците (транспорт, сместување и храна) ќе бидат покриени од страна на организаторот.
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (кратка биографија и писмо за мотивација за учество, не повеќе од една страна) преку електронска пошта на следнава адреса vkostovska@znm.org.mk
Крајниот рок за доставување на апликации е 05.12.2024 година (четврток) до 24ч, ЦЕВ. Лице за контакт и дополнителни информации: Верче Тодоровска – Костовска, 02/3298-139
