ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО ПРОДУКТИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЕТИЧКИТЕ И ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ОНЛАИН МЕДИУМИТЕ ВО РСМ

Во рамките на својот Стратешки план за периодот 2019-2022 со кој се планирани серија активности за заштита и промовирање на највисоките професионални стандарди во новинарството; зајакнување на правна и институционална рамка за заштита на правата на новинарите и слободата на изразување, како и активности за зголемување на довербата кај јавноста во професионалното новинарство, Здружението на новинарите на Македонија објавува повик за доставување понуди за изработка на видео продукти со цел промоција на етичките и професионалните стандарди во онлајн медиумите во РСМ.
Цел на повикот
Цел на повикот за понуди е набавка на услуга за изработка видео продукти за промоција на етичките и професионалните стандарди во онлајн медиумите во РСМ.
Понудата треба да вклучува:
· Изработка на две видеа во траење од најмногу 250 секунди по видео, наменети за промоција на професионалните стандарди во онлајн медиумите.
· Изработка на осум 2Д анимирани видео пораки во траење до 20 секунди, наменети за промовирање на концептите и главните пораки на Промедиа, регистарот на професионални онлајн медиуми во РСМ
Видео продуктите ќе бидат промовирани преку интернет каналите за комуникација на ЗНМ и другите партнерски организации.
Видео пораките ќе бидат достапни за членките на Промедиа за бесплатно емитување, како и за Јавниот сервис, локалните, регионални и национални телевизии кои ќе имаат интерес да ги објавуваат овие видео пораки
Кој може да аплицира на повикот?
Давател на услугата што е предмет на оваа набавка може да биде правно лице или конзорциум на правни лица
Потребни квалификации
Успешните кандидати треба да имаат:
· Докажано портфолио од претходно искуство за изработка на видео продукти, и 2Д анимирани видео продукти, снимање и монтажа на фонетска нарација и поднаслови,
· Високо ниво на професионалност и почитување на добри деловни практики и испорака во ситуации на притисок за кратки рокови.
Потребна документација
Понудата треба да ги содржи следниве прилози:
· Финансиска понуда
· Изјава
· Портфолио / референци за понудувачот
· Тековна состојба од Централниот регистар на Македонија
Начин и рок на аплицирање
Техничките услови за повикот и прилозите (образец за финансиска понуда / образец за изјава) кон понудата се достапни на тука.
Комплетните понуди заинтересираните понудувачи треба да ги испратат на contact@znm.org.mk.
Рокот за аплицирање е 15 декември 2021, до 24ч ЦЕВ.