ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО ПРОДУКТИ ЗА КАМПАЊА

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО ПРОДУКТИ ЗА КАМПАЊА НА ТЕМА: КАКО Е ДА СЕ БИДЕ ЖЕНА И НОВИНАРКА / МЕДИУМСКИ РАБОТНИК ВО РСМ
Референтен број: BTD-FY2021-1485- AJM – 003
Наслов на проектот: „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia)
Лот: 3.6.1 – Сведоштва (кратки видеа) (Testimonials – short videos)
Во рамките на проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници објавува повик за изработка на две видeа на тема „Како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија“, преку кои ќе бидат претставени највпечатливите примери на прекршување на медиумските слободи, од напади врз безбедноста, до прашања поврзани со работните услови низ сведоштва на новинарки, известувачки, уреднички / главни уреднички и сопственички на медиуми.
Цел на повикот
Цел на повикот за понуди е набавка на услуга за изработка на два видео продукти – сведоштва на новинарки/медиумски работници за проблемите со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) во однос на безбедноста и работничките права, преку кои ќе се допре до пошироката јавност, но и до професионалната медиумска заедница, и ќе се поттикне отворање на дебатата за нив во јавниот дискурс
Понудата треба да вклучува:
- Изработка на 2 (две) видеа во траење од најмногу 250 секунди по видео, на тема безбедност и работнички права, со фонетска нарација на македонски јазик со студиски квалитет, и верзии со обезбеден пишан превод (поднаслови) на англиски јазик и на албански јазик.
Видео продуктите ќе бидат промовирани преку интернет каналите за комуникација на ЗНМ и ССНМ.
Видео продуктите ќе бидат достапни за Јавниот сервис, локалните, регионални и национални телевизии кои ќе имаат интерес да ги објавуваат овие видео пораки
Кој може да аплицира на повикот?
Давател на услугата што е предмет на оваа набавка може да биде правно лице или конзорциум на правни лица
Потребни квалификации
Успешните кандидати треба да имаат:
- Докажано портфолио од претходно искуство за изработка на видео продукти, снимање и монтажа на фонетска нарација и поднаслови,
- Високо ниво на професионалност и почитување на добри деловни практики и испорака во ситуации на притисок за кратки рокови.
Потребна документација
Понудата треба да ги содржи следниве прилози:
- Финансиска понуда
- Изјава
- Портфолио / референци за понудувачот
- Тековна состојба од Централниот регистар на Македонија
- Кратко резиме (не повеќе за 500 зборови) за предлог-сценарија за секое од видеата
Начин и рок на аплицирање
Техничките услови за повикот и прилозите (образец за финансиска понуда / образец за изјава) кон понудата се достапни тука.
Комплетните понуди заинтересираните понудувачи треба да ги испратат на contact@znm.org.mk
Рокот за аплицирање е до 23 јануари 2022, до 24ч ЦЕВ.