• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Повик за аплицирање за учество на обука „Спротивставување на странската пропаганда и дезинформации преку јакнење на капацитетите на медиумите и новинарите “

    Повик за аплицирање за учество на обука „Спротивставување на странската пропаганда и дезинформации преку јакнење на капацитетите на медиумите и новинарите “

    • Категории Активности
    • Датум ноември 14, 2023

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со ЕСТИМА и Амбасадата на САД во Скопје, а во рамките на проектот „Спротивставување на странската пропаганда и дезинформации преку јакнење на капацитетите на медиумите и новинарите “(Countering foreign propaganda & disinformation by strengthening the capacity of media & journalists), објавува „Повик за аплицирање за учество на обука “

    Обуката е првенствено наменета за новинари кои секојдневно известуваат на теми од дома и светот или редовно контактираат со јавноста директно или преку интернет канали за комуникација како дел од нивните должности во редакцијата.

    Во рамките на активноста, предвидени се три модули, од кои првиот ќе биде онлајн а следните два со физичко присуство за странски дезинформации, пропаганда и операции за влијание. Првиот модул ќе се фокусира на општите аспекти и глобалниот контекст на руската и кинеска пропаганда. Вториот на специфичностите, разликите и синергиите меѓу кинескиот и рускиот пристап во македонски контекст. Последниот ќе биде организиран како практична работилница за препознавање и разоткривање на кинеските и руските дезинформации и онлајн медиумски извори.

    Обуката ќе ја водат еден експерт за Русија и еден експерт за Кина. Максим Саморуков е европски експерт за руска пропаганда. Тој е поранешен руски новинар кој живее во егзил во Берлин и има долгогодишно искуство пишувајќи за руските активности на Балканот. Д-р Ана Крстиновска е експерт за односите меѓу Кина, ЕУ и Западен Балкан и основачка на организацијата за истражување и консултантски услуги Естима. Таа работи на теми поврзани со Кина повеќе од десет години и е автор на повеќе истражувања, научни трудови и публикации на темата.

    Првата сесија предвидено е да се одржи во “Студио” Клубот на новинари на 28 ноември (вторник) 2023 година во период од 13:30 до 16:00 часот.

    Втората сесија предвидено е да се одржи во “Студио” Клубот на новинари на 29 ноември (среда) 2023 година во период од 09:30 до 13:00 часот.

    Дополнителни информации и линк за учество на првата обука ќе бидат испратени до сите заинтересирани кандидати за учество.

    По завршување на обуките, дел од учесниците ќе имаат можност да изработат свои менторски стории кои потоа можат да ги објават во своите медиуми, а за тоа е предвиден дополнителен финансиски надоместок во рамките на проектот.

    Проектот има за цел да ги поддржи медиумите и новинарите да се справат со странски дезинформации, да се заштити македонскиот медиумски простор од авторитарна пропаганда и да предложи веродостојни и објективни содржини и контранаративи кои би можеле да им помогнат на граѓаните да изградат информирано мислење. Проектот е поттикнат од моменталната ситуација во која се чини дека Русија и Кина ги здружуваат силите за да ги поткопаат демократиите и слободата на изразување ширум светот и се стреми да работи на конкретниот национален контекст за да се изградат капацитетите и отпорноста на новинарите и медиумските работници да се справат со овие предизвици.

    Во рамките на активностите кои се предвидени во работниот дел на обуката, покрај едукативни презентации водени од искусни експерти од странство, ќе се разменат и практични искуства помеѓу предавачите и учесниците.

    Сите заинтересирани учество на обуката потребно е да достават:

    • Кратка биографија во електронска форма (word, pdf)

    Пријавите треба да ги достават да ЗНМ најдоцна до 24 ноември 2023 година и тоа:

    на електронска пошта: vkostovska@znm.org.mk

    Лице за контакт за дополнителни информации: Верче Тодоровска Костовска – 02/3298-139.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Осудителна пресуда за напаѓачот на снимателот Иван Камчев од 24ТВ
    ноември 14, 2023

    Следен

    Најавена дигитална платформа за информации од локален јавен интерес
    ноември 14, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    Sredba Stip 1
    Средба со новинари и медиумски работници од регионален центар Штип
    28 ноември, 2023
    templejt (5)
    Повик за учество на новинари и медиумски работници во дводневна обука на тема „Справување  со загадувањето на воздухот во РС Македонија“ 14-15 декември 2023, во Скопје
    23 ноември, 2023
    MicrosoftTeams-image (17)
    Авторското право и (не)почитувањето во работата на фоторепортерите
    23 ноември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?