Отворен повик за соработник за онлајн комуникации – СОК

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) објави отворен повик за ангажирање на соработник / соработничка за онлајн комуникации за потребите на проектот „Мрежа за безбедноста на новинарите“ (SafeJournalist Network – SJN). Избраното лице ќе биде одговорно за спроведување на онлајн стратегијата за комуникација на проектот , управување со социјалните мрежи, креирање содржини и промоција преку Facebook. За повеќе детали за потребните квалификации, видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Потребни документи
- Биографија (CV)
- Изјава (Анекс 2),
- Финансиска понуда (Анекс 3)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (биографија, и пополнети Анекс 2, и Анекс 3) преку
- електронска пошта, на следниве адреси contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик IPA/2022/440-986 – AJM- 001-2023“.
- по пошта или со директна достава до канцеларијата на ЗНМ, на адреса „Градски ѕид, блок 13“, 1000, Скопје
Крајниот рок за доставување на апликации е 6 април, 2023.
