• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Отворен е конкурсот за годишните награди на ЗНМ

    Отворен е конкурсот за годишните награди на ЗНМ

    • Категории Активности
    • Датум февруари 2, 2021

    Здружението на новинарите на Македонија традиционално секоја година доделува две награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство. Од претходната година, по одлука на Управниот одбор, ЗНМ доделува уште една награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за новинари од внатрешноста на С. Македонијa.

    – За наградата за животно дело кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Во пријавата, освен личните податоци на кандидатот и кратка биографија, се доставува и образложение за остварувањата на кандидатот, што оставиле посебна трага во македонското новинарство.

    – Кандидатите за годишната награда за истражувачко новинарство се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Медиумските продукти треба да бидат сериозни новинарски истражувања објавени во текот на 2020 година во медиумите во С. Македонија, посветени на важни прашања за пошироката заедница. Приказните треба да откриваат злоупотреби на власта и моќта, како и кршење на човековите права и слободи. Тие треба да бидат оригинални и поткрепени со факти проверени од разни извори на информации. Пријавата треба да содржи најмногу два новинарски продукти кои се објавени во текот на минатата година.

    – За наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2020 година се пријавуваат новинари кои имаат објави во локални или регионални медиуми или се дописници на национални медиуми во државата. Пријавата и за оваа категорија може да биде поднесена од самиот новинар или по предлог на тројца колеги. И за оваа награда новинарите може да аплицираат најмногу со два новинарски продукти кои биле објавени во текот на минатата година.

    Во апликацијата за наградата за истражувачко новинарство и новинарско известување на теми од локално и регионално значење потребно е да се наведе функционален линк од објавата, а доколку се доставува во печатена форма материјалот треба да биде испечатен или снимен на CD/USB.

    Пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 17 февруари 2021 година и тоа:

    – По електронска пошта на: contact@znm.org.mk, лице за контакт: Елизабета Стојановиќ – 02/3298-139

    – По препорачана пошта, адресирани на: Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, РСМ или

    Пријавите треба да бидат означени: „За НАГРАДА“ во предметот на електронската порака или напишано на ковертот.

    На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за најдобрата истражувачка сторија и за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2020 година, наградените ќе добијат плакета, како и парични награди во износ од 1.000 евра по награда.

    Изборот на добитниците ќе го изврши Комисија за доделување на наградите на ЗНМ.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    SafeJournalists: Новинар на РТРС вербално нападнат од српскиот политичар Шешељ
    февруари 2, 2021

    Следен

    Итно е потребна системска заштита на медиумските работници/чки
    февруари 12, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?