Општина Гостивар го одобри барањето за бесплатен паркинг за новинари членови на ЗНМ

На инцијатива на Регионалниот центар на ЗНМ во Тетово, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со општина Гостивар, постигнаа договор со кој новинарите кои работат во оваа општина можат да користат бесплатен паркинг на територијата на општина Гостивар.
Со овој договор гостиварските новинари ќе можат да паркираат на градските зонски паркинзи. Инаку, ова бесплатно паркирање важи исклучиво за членовите на ЗНМ без разлика на кој медиум припаѓаат. Од пред неколку месеци ЗНМ има потпишано сличен договор и со општина Тетово.