• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Одржано годишно неизборно собрание на ЗНМ

    Одржано годишно неизборно собрание на ЗНМ

    • Категории Активности
    • Датум мај 9, 2022

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во саботата, на 7-ми мај го одржа годишното неизборно собрание на кое што присуствуваа редовните членови на здружението.

    Воведно обраќање имаше претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој нагласи дека и покрај тешките пандемски услови во 2021 година, здружението успеа да обезбеди поддршка за реализација на повеќе проекти, обуки и настани и средби со вклученост на над 400 учесници.

    „2021 беше уште година на предизвици. Во отежнати услови за работа и здравствена криза поради пандемијата со Ковид 19 на светско ниво, но и дома, кај нас,  ЗНМ успеа да опстои на своите определби зацртани во Стратешкиот план од 2019 година и да продолжи да работи на неговата реализација“, рече Чадиковски.

    Чадиковски ја истакна активноста на секциите на ЗНМ, напорите за промена на Кривичниот законик кои се уште се во собраниска процедура, заложбите на ЗНМ за намалување на неказнивоста на извршителите на напади врз новинарите и прекршувањето на нивните права: „Во 2021 во рамките на ЗНМ активно работеа секциите на новинари посебно  Секцијата на сниматели  која во текот на минатата година реализираше неколку регионални средби посветени за подобување на меѓусебната соработка и солидарно функционирање. Позитивен исчекор кој што за здружението е важен на долг рок е оформувањето Секцијата на млади новинари во рамките на ЗНМ. Членовите на оваа секција веќе активно работат на својот стратешки план за дејствување во иднина. Како резултат на упорните барања на ЗНМ, Владата на Северна Македонија ги прифати предложените измени на Кривичниот законик, кои се во согласност со препораките на Советот на Европа, а со цел да се воспостави поефикасен систем за заштита на новинарите, притоа обесхрабрувајќи ги потенцијални напаѓачи во иднина“.“ 

    Сашка Цветковска која што е координатор на секцијата за млади новинари, во однос на можностите и потенцијалите на младите колеги рече: „Да се користат младите во продукцијата на новинарски продукти е едно, но најголемата можност за поттикнување промени преку новинарството денес лежи во глобалната поврзаност: да се подготви следната генерација граѓани на светот кои ќе имаат вештини, разбирање и храброст да ги решат глобалните проблеми на денешницата во нивното време. За тоа да се случи, потребно е поголемо вклучување на младите во редакциите, но особено е важно на истите да им се дадат клучните вештини и да им се обезбеди средина во која што ќе се развиваат“.

    На собранието се разговараше на неколку важни теми меѓу кои измена и дополнување на правилници и Статут на ЗНМ за вклучување на претставници од регионалните центри на ЗНМ во Управниот одбор на ЗНМ, дефинирање на цели на секција на млади новинари при ЗНМ и дебата околу тешките економски услови во кои се наоѓаат медиумите пред се регионалните и локалните медиуми. Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски се осврна на наративниот извештај за 2021 година, односно реализацијата на активностите за минатата година, а беше опфатен и финансискиот односно ревизорскиот извештај на Здружението.

    На настаното, Милан Спировски, проектен истражувач во ЗНМ, го презентираше и извештајот за „Индикатори за слободата на изразување и независноста на медиумите во Македонија за 2021 година“, во кој се елаборирани новите трендови за состојбата на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите и спроведувањето на постојното национално законодавство поврзано со медиумите во земјава.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Реакција до МИОA за штрајкот на регионални и локални медиуми
    мај 9, 2022

    Следен

    Презентиран извештајот за степенот  на слобода на медиумите  и безбедноста на новинарите во 2021 година: Состојбата на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите и спроведувањето на постојното национално законодавство поврзано со медиумите во земјава е „Три чекори напред – два чекори назад“
    мај 9, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?