Одржана конститутивна седница на Надзорниот одбор на ЗНМ

Согласно правилникот за работа на Надзорниот одбор на ЗНМ, ново избраните членови на ова тело на 14ти декември одржаа конститутивна седница. На средбата како претседател на Надзорниот одбор едногласно беше избран новинарот Мефаил Исмаили.
Членовите дискутираа за идните активности и динамиката за работа а беше разговарано и за предлози за евентуални измени во статутарните акти на Здружението кои би биле на дневен ред на наредните годишни собранија.
За членови на ова тело на Изборното собрание на 3-ти декември беа избрани новинарите Мефаил Исмаили, Сеад Ризвановиќ, Горан Симоновски, Миомир Серафиновиќ и снимателот Роберт Коцев.
Надзорниот одбор има овластувања предвидени во Статутот на ЗНМ во насока на надзор врз законитоста, материјално-финансиското работење и правилноста на работата на ЗНМ. За работата, наодите и заклучоците го известува Собранието на ЗНМ и на истото му одговара за својата работа.