Одлуки по поднесени претставки против новинарот Невриј Адеми

Советот на честа при ЗНМ донесе одлука за прифаќање на претставките од страна на новинарката Рира Бехадини и фоторепортерката Арбнора Мемети против новинарот Невриј Адеми по однос на гостувањето на Адеми во емисијата „Ора 7“ на телевизијата „Клан Косова “, а поврзано со случајот на трагично загинатата студентка од Косово во Тетово. Утврдени се повеќе прекршувања на членови од Кодексот на новинарите на Македонија.
