ОДГОВОР по поднесени претставки од страна Васко и Мери Ковачевски
Во одделни дописи, Васко и Мери Ковачевски упатија претставки со Советот на честа на ЗНМ, поради нанесена штета на семејството и угледот, со тврдењата изнесени во написот „Колапсот на РЕК Битола “од Зоран Божиновски од интернет порталот „Буревесник“.
Советот на честа на ЗНМ ги разгледа претставките на Васко Ковачевски и Мери Ковачевска во врска со изнесените тврдења во посочениот напис во интернет порталот Буревесник и оцени дека Кодексот на ЗНМ е прекршен во членовите 1 и 2.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Во написот „Колапсот на РЕК Битола“ се наведени сериозни тврдења поради што е неопходно да биде прашана и втората страна, а до колку не е можно,тоа јасно, да се наведе, што изостанува во конкретниот случај.