Одговор по поднесена претставка од средношколецот Лука Павичевиќ за текст објавен на Платформата Кооперација

Средношколецот Лука Павичевиќ за текст објавен на Платформата Кооперација во рубриката „Сатира“ со наслов „Средношколец-сакам да се укинат распустите,сакаме да учиме“ поднесе претставка со Советот на честа при ЗНМ.
Павичевиќ реагира на начинот на кој била презентирана веста и покрај сатиричниот тон и што,без прашање, била објавена негова фотографија, дотолку повеќе што тој е малолетно лице, со што бил предмет на разни коментари и закани на социјалните мрежи. Наведува и дека безуспешни биле неговите обиди да стапи во контакт со авторот на текстот З.Стефковски.
Советот на честа и покрај тоа што не ги опсервира платформите, како што е Кооперација, ја разгледа пријавата и посочениот текст. Без оглед на тоа што станува збор за сатира, во текстот со констатацијата „држава со ваква младина нема зошто да се грижи за иднината на Република Западна Македонија –Шкупи, евидентно има елементи на дискриминација, а со објавената фотографија која не кореспондира со личен став на средношколецот, ниту со текстот, и прекршување на Кодексот на ЗНМ во членовите 10 и 11 кои се однесуваат на повреда на приватноста и на правата на малолетни лица.