Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставките на Нова Македонија за плагијаторство на Вечер.мк

ZNM
Wednesday 5 February, 2020Wednesday 5 February, 2020/ Wednesday 5 February, 2020

Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија, постапувајќи по две претставки поднесени од редакцијата на весникот „Нова Македонија“ за неовластено објавување на две колумни од нивниот редовен колумнист Александар Русјаков, од страна на порталот „Вечер.мк“, смета дека претставките се основани и утврди прекршување на Кодексот на ЗНМ во членот 12 според кој:

  • Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

Оттаму, Советот на честа на ЗНМ го повикува порталот „Вечер.мк“ веднаш да ја прекине практиката на неовластено објавување туѓи авторски текстови како свои и јавно да им се извини на колумнистот А.Русјаков и на редакцијата на „Нова Македонија“.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin