ОДГОВОР НА ПРЕТСТАВКА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА

Министерстото за одбрана поднесе претставка до Советот на честа на ЗНМ за информација објавена на интернет порталот Инфомакс под наслов „Македонија може да биде окупирана со петарди, борбената готовност сведена на апсолутна нула“, од авторите Питер Симеонов и Александар Митовски, кои текстот го потпишале со иницијали ПС и АМ. Во претставката се наведува дека Министерството за одбрана на прашањата (доставени в сабота) било одговорено уште истиот ден во 19 и 38, но оти редакцијата на Инфомакс објавила свои, бајати информации и конструкции кои многу пати биле демантирани од МО. Дополнително биле објавени и податоци за средства што недостигаат, за кои Министерството воопшто не било прашано. Се наведува и дека со тоа е фрлена дамка врз Министерството и влијае на перцепцијата на граѓаните за одбраната и Армијата.
Советот на честа ја разгледа претставката и оцени дека во посочениот текст на интернет порталот Инфомакс под наслов „Македонија може да биде окупирана со петарди, борбената готовност сведена на апсолутна нула“, од авторите Питер Симеонов и Александар Митовски, кои текстот го потпишале со иницијали ПС и АМ,има прекршување на Кодексот на ЗНМ во член 1, но и во член 3 доколку од МО бил доставен демант, но не бил објавен.
Советот на честа на ЗНМ и во оваа пригода е должен да им укаже на институциите дека сабота и недела за медиумите се работни денови и оти за информации од интерес на јавноста, новинарите мора да бараат и да инсистираат да добијат податоци. Истовремено, Советот ги повикува новинарите да прават разлика меѓу класифицирани и информации од јавен карактер, да не шпекулираат со нив и да ги проверат колку што е можно од повеќе извори,што не подразбира нивно прикривање.