Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка добиена од ТВ Алфа

ZNM
Tuesday 12 February, 2019Tuesday 12 February, 2019/ Tuesday 12 February, 2019

Разгледувајќи ја пријавата поднесена од ТВ Алфа, во врска со пресконференцијата на министерот Роберт Поповски, на која тој на новинарско прашање дали со државни субвенции за весниците постои основ за нивно корумпирање одговорил: “Можеби се уште имате влијание од некои структури на поранешната власт“, Советот на честа сметаше дека има основ да се разгледа пријавата и по опсежна дебата го донесе следниот заклучок:

Советот на честа смета дека министерот Роберт Поповски, кој и самиот беше новинар, а во еден период и претседател на Здружението на новинарите на Македонија, ја оставил јавноста покуса за конкретен одговор на легитимно поставено прашање. Дотолку повеќе што изминатиот период јавноста беше сведок дека медиумите се злоупотребуваа.

Сметаме дека министерот постапил несоодветно и треба да му се извини на новинарот што го поставил прашањето, поради етикетирањето. А доколку министерот има докази за своето тврдење, очекуваме да ги објави во најскоро можно време.

Потсетуваме дека ваквиот начин на комуникација, кој може и да се смета како притисок врз новинарите веќе беше осуден со реакција на ЗНМ.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin