Одговор на претставката од Министерството за одбрана за текст објавен од порталот “Лидер МК“ и необјавување демант испратен од Министерството

Советот на честа на ЗНМ ја разгледа претставката поднесена од Министерството за
одбрана на текстот „Скандал: Шекеринска вработува партиски војници – одвоени
16 милиони денари за 39 привремени вработувања“ објавен на порталот “Лидер
МК“.
Текстот не е потпишан од автор , ниту е наведено дека станува збор за редакциски
коментар, без оглед на тоа што во претставката се упатува на главниот и одговорен
уредник на порталот Љупчо Златев. Во вакви случаи Советот на честа на ЗНМ
може само да констатира дека е прекршен член 3 од Кодексот на Здружението на
новинарите на Македонија, поради необјавување на демантот испратен од
Министерството за одбрана, што е обврска за медиумот и според член 16 од
Уставот на земјава.