Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставката на МВР за известување на медиумите за инцидентот на фудбалскиот натпревар во село Волино

ZNM
Monday 23 September, 2019Monday 23 September, 2019/ Monday 23 September, 2019

Советот на честа при ЗНМ разгледувајќи ја претставката на МВР во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во село Волино, Дебрца на 08 септември и известувањето на дел од медиумите за него (Expres.mk, Alfa.mk и Netpress.com.mk) заклучи дека објавените информации не се потпишани со името на авторот, недостасува втората страна и не содржат официјално известување од надлежниот орган. Советот на честа нема надлежност да реагира во однос на медиумот, но сепак, сметаме дека посочените медиуми ги прекршиле членовите 1 и 10 од Новинарскиот кодекс:

Член 1 – Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Член 10 – Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Подносителот на претставката го упатуваме да се обрати и до Советот за етика во медиумите на Македонија, а посочените медиуми ги повикуваме јавно да се извинат, да објават деманти и да ги потпишуваат објавените текстови со име на новинар или редакција.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin