• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Совет на честа

    • Почетна
    • Новости
    • Совет на честа
    • Одговор на претставката на Ана Василевска за текстовите објавени во Мкд.мк и Сдк.мк

    Одговор на претставката на Ана Василевска за текстовите објавени во Мкд.мк и Сдк.мк

    • Категории Совет на честа
    • Датум август 27, 2020

    Советот на честа ги разгледа двете идентични претставки од Ана Василевска-новинар во Макфакс и А1он кои се однесуваат на текстови објавени кон крајот на јули 2020 година во порталите МКД.МК и СДК.МК од новинарите А.Д. и Биљана Несторовска во врска со Агенцијата за филм и одлуката на Антикорупциската комисија да постапува во рамките на нејзините надлежности.  

    Василевска реагира на спомнувањето на нејзиното име во тие текстови без да биде контактирана како втора страна и без да се објави демант, со што смета дека е нанесена штета на нејзиниот професионален  углед. Имено, во посочените текстови, за Василевска стои дека има конфликт на интереси како член на Советот на Агенцијата за филм и рецензент истовремено. Со претставките е приложен и Извештај од инспекцискиот надзор  кој ги негира наводите за постоење конфликт на интереси.

    Врз основа на приложените докази Советот на честа е на став дека има прекршување на Кодексот на ЗНМ во членовите 1 и 3 со кои се наложува проверка на информацијата и настојување на новинарот за објавување деманти.

    1. Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

    3. Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

    Точно е дека медиумите го објавиле ставот на директорот на Агенцијата Тозија, но не побарале став и од Василевска, чие име се спомнува во текстовите. Советот на честа им препорачува на колегите новинари, без оглед дали се членови на ЗНМ или не, во своите написи, особено кога станува збор за конфликт на интереси или за информации врзани за финансии, да користат прецизни термини, бидејќи во конкретниов случај не станува збор за конфликт на интереси, туку за преклопување, или во краен случај неспојливост на ангажмани  на субјект од облигациониот договор.

    Исто така, Советот на честа на ЗНМ и препорачува на Ана Василевска да испрати личен демант до посочените портали, бидејќи Кодексот ја предвидува оваа обврска за медиумите.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Оглас за ангажирање на Координатор - Истражувач
    август 27, 2020

    Следен

    Осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“
    септември 2, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    Совет на честа
    Одговор по поднесена претставка од Андреј Димовски за Соња Колевска – Делевска
    6 февруари, 2023
    Совет на честа
    Одговор по поднесена претставка од средношколецот Лука Павичевиќ за текст објавен на Платформата Кооперација
    27 мај, 2022
    UntitledDesign_744089844
    ОДГОВОР по поднесени претставки од страна Васко и Мери Ковачевски
    9 февруари, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?