Одговор за претставка против Снежана Лупевска Созен

Советот на честа при ЗНМ, постапувајќи по претставката на Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ), поднесена од Маја Јовановска, против Снежана Лупевска Созен, директор и главен и одговорен уредник на ТВ Телма, за повреди на Кодексот на новинарите сторени за време на интервјуто со д-р Жан Митрев, на седницата на Советот одржана на 26.01.2023 година во Скопје, донесе одлука со која се отфрла претставката на ИРЛ против Лупевска Созен како неосновона заради тоа што не е утврдена повреда на членовите 1, 6, 13 и 16 од Кодексот на новинари.