• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Оглас за ангажирање на Координатор – Истражувач

    Оглас за ангажирање на Координатор – Истражувач

    • Категории Активности
    • Датум август 25, 2020

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), за потребите на регионалниот проект „Safejournalists.net“ (01.02.2020 -31.01.2023), финансиски поддржан од Европската унија (референт број на повикот EuropeAid/162473/DH/ACT/Multi), објавува оглас за следнава работна позиција: 

    Координатор – Истражувач 

    Накусо за проектот 

    Проектот Safejournalists.net (2020-2023) е продолжение на  проектот “Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“ (2016-2018) финансиски поддржан од Европската унија. Во неговото спроведување се вклучени новинарски здруженија од  земјите од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Хрватска и Северна Македонија).  

    Општата цел е да се придонесе за зајакнување на партиципативната демократија во земјите од Западен Балкан преку регионална соработка на професионални и одговорни граѓански здруженија и нивно активно вклучување во процесот на креирање на политики и следење на нивната имплементација.  

    Краткорочните специфични цели се да се придонесе за безбедноста на новинарите и медиумските слободи во земјите од Западен Балкан преку засилена улога на членките на Платформата на Западен Балкан како активни и одговорни независни актери во креирањето релевантни политики поддржани од граѓанскиот сектор. 

    Клучни работни обврски: 

    • Изработка на национални извештаи врз основа на усвоена методологија; Ажурирање на базата на податоци на Safejournalists.net; Подготовка на реакции, следење и архивирање на релевантни податоци и документи во врска со пријавени случаи за повреда на права на новинари и медиумски работници преку платформата и механизмот за рано предупредување; 
    • Имплементирање на стратегијата и планот за комуникација за сите активности на проектот како и спроведување на интензивна комуникација со проектниот тим, донаторот, членството на ЗНМ и пошироката јавност; 
    • Асистенција во изработка на периодичен, годишен и финален програмски (наративен) извештај за проектот; 
    • Промоција на проектот на дневна основа и пишување на содржина поврзана со работата на здружението и неговите тековни активности која ќе се објавува на веб страната на ЗНМ и медиумите и социјалните мрежи;  
    • Активна соработка со проектниот тим и учество на координативни средби, тренинзи и други средби и состаноци кои се директно или индиректно поврзани со овој проект; 
    • Други ад-хок задачи во зависност од тековните потреби на Извршната канцеларија на ЗНМ.  

    Потребни квалификации и вештини:  

    • Завршено високо образование;  
    • Работно искуство на проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација и тоа најмалку 2 години (предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство со ЕУ проекти); 
    • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан); Познавањето и на албански јазик ќе се смета за предност; 
    • Способност за самостојно истражување, анализа на податоци и подготовка на извештаи; 
    • Комуникациски вештини и искуство во користење на ИКТ алатки;  
    • Способност за самостојна и тимска работа; 
    • Способност за работа под временски притисок; 
    • Одлично познавање на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoints).  
    • Возачка дозвола Б категорија (пожелно) 

    Потребни документи 

    Заинтересираните кандидати треба да ги достават следниве документи:  

    1. Копија од универзитетска диплома; 
    1. Кратка биографија, со детали за работните обврски по позиции во последните 2 години (europass формат); 
    1. Писмо за мотивација; 
    1. Писмо за препорака или податоци за контакт од претходни работни места  релевантни за овој оглас. 

    Документите треба да се испратат најдоцна до 06.09.2020 (понеделник), до 17:00 часот на следнава електронска адреса: contact@znm.org.mk со назнака: АПЛИКАЦИЈА за координатор / истражувач.  

    Само кандидатите /кандидатките кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во текот на месец септември 2020 година. 

    25 август 2020 година 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Повик за работилница: Станете мобилен новинар!
    август 25, 2020

    Следен

    Одговор на претставката на Ана Василевска за текстовите објавени во Мкд.мк и Сдк.мк
    август 27, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    Совет на честа
    Одговор на претставка против Зоран Божиновски
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ со пријава до МВР за закани на социјални мрежи
    5 февруари, 2023
    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?