Оглас за ангажирање на Координатор – Истражувач

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), за потребите на регионалниот проект „Safejournalists.net“ (01.02.2020 -31.01.2023), финансиски поддржан од Европската унија (референт број на повикот EuropeAid/162473/DH/ACT/Multi), објавува оглас за следнава работна позиција:
Координатор – Истражувач
Накусо за проектот
Проектот Safejournalists.net (2020-2023) е продолжение на проектот “Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“ (2016-2018) финансиски поддржан од Европската унија. Во неговото спроведување се вклучени новинарски здруженија од земјите од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Хрватска и Северна Македонија).
Општата цел е да се придонесе за зајакнување на партиципативната демократија во земјите од Западен Балкан преку регионална соработка на професионални и одговорни граѓански здруженија и нивно активно вклучување во процесот на креирање на политики и следење на нивната имплементација.
Краткорочните специфични цели се да се придонесе за безбедноста на новинарите и медиумските слободи во земјите од Западен Балкан преку засилена улога на членките на Платформата на Западен Балкан како активни и одговорни независни актери во креирањето релевантни политики поддржани од граѓанскиот сектор.
Клучни работни обврски:
- Изработка на национални извештаи врз основа на усвоена методологија; Ажурирање на базата на податоци на Safejournalists.net; Подготовка на реакции, следење и архивирање на релевантни податоци и документи во врска со пријавени случаи за повреда на права на новинари и медиумски работници преку платформата и механизмот за рано предупредување;
- Имплементирање на стратегијата и планот за комуникација за сите активности на проектот како и спроведување на интензивна комуникација со проектниот тим, донаторот, членството на ЗНМ и пошироката јавност;
- Асистенција во изработка на периодичен, годишен и финален програмски (наративен) извештај за проектот;
- Промоција на проектот на дневна основа и пишување на содржина поврзана со работата на здружението и неговите тековни активности која ќе се објавува на веб страната на ЗНМ и медиумите и социјалните мрежи;
- Активна соработка со проектниот тим и учество на координативни средби, тренинзи и други средби и состаноци кои се директно или индиректно поврзани со овој проект;
- Други ад-хок задачи во зависност од тековните потреби на Извршната канцеларија на ЗНМ.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено високо образование;
- Работно искуство на проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација и тоа најмалку 2 години (предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство со ЕУ проекти);
- Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан); Познавањето и на албански јазик ќе се смета за предност;
- Способност за самостојно истражување, анализа на податоци и подготовка на извештаи;
- Комуникациски вештини и искуство во користење на ИКТ алатки;
- Способност за самостојна и тимска работа;
- Способност за работа под временски притисок;
- Одлично познавање на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoints).
- Возачка дозвола Б категорија (пожелно)
Потребни документи
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следниве документи:
- Копија од универзитетска диплома;
- Кратка биографија, со детали за работните обврски по позиции во последните 2 години (europass формат);
- Писмо за мотивација;
- Писмо за препорака или податоци за контакт од претходни работни места релевантни за овој оглас.
Документите треба да се испратат најдоцна до 06.09.2020 (понеделник), до 17:00 часот на следнава електронска адреса: contact@znm.org.mk со назнака: АПЛИКАЦИЈА за координатор / истражувач.
Само кандидатите /кандидатките кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во текот на месец септември 2020 година.
25 август 2020 година