• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Новинари и адвокати разменија искуства на тема SLAPP тужби

    Новинари и адвокати разменија искуства на тема SLAPP тужби

    • Категории Активности
    • Датум април 16, 2022

    Здружението на новинари на Македонија и канцеларијата на Советот на Европа организираа тридневен стручен семинар на тема: „ Стратешки тужби против јавното учество (SLAPP), компаративни искуства и пракса за препознавање и превенција“ од 14 до 16 април во Гевгелија.

    На стручниот семинар учесници беа адвокати и новинари кои имаа можност да разговараат и да разменат искуства за SLAPP тужбите или познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество чија цел е да ги заплашат и финансиски да ги исцрпат тужените новинар(к)и или медиуми.  Кога се иницирани од политичар(к)и и носител(к)и на јавни функции, овие тужби можат да предизвикаат страв и самоцензура кај новинар(к)ите, а со тоа и  нарушување на правото на граѓан(к)ите да бидат информирани.

    Младен Чадиковски, претседателот на ЗНМ, во своето обраќање истакна:

    „Добро е што имаме можност и прилика да се видиме на стручен семинар, каде што тема се тужби со кои се соочуваме често, да размениме мислења и искуства кои ќе ни помогнат во иднина да го промениме, подобриме пристапот кога станува збор за SLAPP тужби. Тука, со нас се и експертите од Совет на Европа кои верувам дека ќе придонесат многу кон третирање на проблематиката за двете страни на учесници – новинарите и адвокатите“.

    Александра Богдановска, Постара раководителка на проектот, Програмска Канцеларија на Совет на Европа во Скопје ја нагласи соработката со ЗНМ како дел од проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“:

    „ЗНМ се наши партнери и заедно таргетираме теми и цели кои што се од заеднички интерес со претходно договарање и адресирање на тековните проблеми и потреби. Во таа насока е овој стручен семинар кој што за жал е наш последен  во рамките на конкретниот проект, но ќе истакнам дека наназад имавме многу успешна соработка на теми кои што се најразлични и теми кои што придонесоа до законски промени, како што се стратешките тужби против јавното учество. Би сакала да информирам дека Советот на Европа формираше работна група која ќе се занимава токму со оваа проблематика, односно донесување на препорака за SLAPP. “

    На семинарот имаше и експерти од Советот на Европа чија специјалност се токму овој вид на тужби.

    Флутура Кусари говореше за SLAPP тужби, зошто станаа сериозна закана за новинарството и достапните истражувања на темата, а подоцна беше одржана од групна дискусија на тема  „Како да се реагира кога се соочуваме со SLAPP?“ , сесија која даде можност да се разговара за тоа како да се препознае SLAPP тужба, како медиумите би можеле да реагираат на SLAPP тужба и како да се побара поддршка, а воедно и се зборуваше за улогата на адвокат(к)ите и суди(јк)ите) .

    Вториот експерт од Советот на Европа, Александар Качамов презентирашетри случаи на SLAPP од Европа, со отворена дискусија од присутните на оваа тема.

    Реализацијата на ваков вид семинари е од особено значење за новинарите, но и за адвокатите кои имаат пракса од застапување на новинари при правни спорови бидејќи искуствата на двете страни со SLAPP тужби придонесуваат кон поголема подготвеност за справување со проблематиката.

    *Овој настан е организиран од страна на Здружението на новинари на Македонија, како партнер на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“ во рамките на заедничката програмска акција на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022 година

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Одржана работна средба на секција на млади новинари при ЗНМ
    април 16, 2022

    Следен

    SafeJournalists: Смртни закани за редакцијата N1 во Србија
    април 20, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?