Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Новинарите треба да имаат поголема одговорност кога комуницираат преку социјалните мрежи

ZNM
Monday 16 September, 2019Monday 16 September, 2019/ Monday 16 September, 2019

Новинарите имаат многу поголема одговорност пред јавноста секогаш кога се обраќаат, било тоа да е преку медиумите или социјалните мрежи. Оттаму објавата на новинарот Љупчо Златев објавена на социјалната мрежа Фејсбук во која вели дека Обвинителката Фетаи „Нема да може ни да пие од тага, затоа што таму во Боговиње за пиење жените ги тепаат..“, може да се смета дека  поттикнува дискриминација и нетрпеливост врз основа на пол и национална, односно етничка припадност.

Оваа непримерна комуникација не е во согласност со Етичкиот кодексот на новинари каде во членот 10 се вели: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: