• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Новинарите сè уште без правда за нападите на 27 април: ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје

    Новинарите сè уште без правда за нападите на 27 април: ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје

    • Категории Соопштенија
    • Датум април 23, 2025

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради последните одлуки на Апелациониот суд Скопје од април 2025 година, со кои беа одбиени жалбите на новинарите нападнати за време на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

    Овој датум останува запаметен како ден кога брутално беа прекршени правата на новинарите и медиумските работници. Наместо да биде потврдено дека нападите и заканите кон новинари се неприфатливи, судот испраќа порака дека ваквите дела може да поминат неказнето. Ваквите одлуки го поткопуваат правото на безбедно и слободно новинарство.

    ЗНМ укажува и на контроверзните ставови во образложението на судот, каде што се тврди дека „слободата на изразување“ не важи кога има насилни настани. Овој став е спротивен на претходните три одлуки на Уставниот суд, како и на Европската конвенција за човекови права и Уставот на државата. Уставниот суд веќе еднаш пресуди дека ваквото толкување е погрешно и го нарушува правото на изразување.

    ЗНМ смета дека е особено проблематично што судот ја минимизира обврската на државата да ги заштити новинарите, сугерирајќи дека таа заштита не треба да биде „преголем товар“ за институциите. Ваквиот пристап остава впечаток дека институциите се повеќе загрижени за сопствениот комодитет отколку за заштита на основните човекови права.

    Иако конкретните одлуки на Уставниот суд се однесуваа на друг предмет, тие се конечни, обврзувачки и важат за сите институции – вклучително и за Апелациониот суд. Непочитувањето на овие обврски се сериозен удар врз владеењето на правото.

    Последните пресуди на Апелациониот суд Скопје се однесуваат на колегите Наташа Стојановска, Билјана Николовска, Игор Јанковски и Томе Ангеловски – новинари кои и по осум години чекаат правда. Овие одлуки покажуваат дека правната заштита на новинарите и натаму е слаба, а неказнивоста на насилниците создава страв и несигурност кај сите кои секојдневно известуваат за прашања од јавен интерес.

    ЗНМ апелира до судските и други надлежни институции да ги преиспитаат овие одлуки и да осигураат дека новинарите ќе добијат соодветна правна заштита. Нападот врз новинар е напад врз демократијата – и секој таков чин мора да биде истражен и санкциониран.

    ЗНМ ќе продолжи будно да го следи развојот на овие случаи и ќе се залага за целосна правда за сите новинари жртви на насилство.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Почина колегата Илче Стојаноски
    април 23, 2025

    Следен

    Академијата за новинари и медиумски работници започна со работа – првата обука беше посветена на справување со стрес, траума и професионално согорување
    април 24, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка
    7 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува попречувањето на работата на снимателот на ТВ Тера и бара итно постапување од МВР и ОЈО
    4 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ Глоби и бара итна истрага од МВР
    21 јули, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?