Новинарите од тетовскиот регионален центар на ЗНМ: Институциите навремено и до сите медиуми да испраќаат покани за настани од јавен интерес

Новинарите од тетовскиот регионален центар на ЗНМ одржаа работна средба во Тетово, на која разговараа за актуелните проблеми со кои се соочуваат и можните решенија.
Новинарите од тетовскиот регионален центар на ЗНМ апелираат институциите на локално и централно ниво навреме и до сите новинари да испраќаат покани затоа што тоа е во интерес на јавноста.
Беше разговарано и за статусот на дописниците оти дел од нив работаат без здравствено и пензиско осигурувања.
Во тој контекст ја истакнаа важноста од реализацијата на предлогот на ЗНМ телевизиите со национална концесија законски да мораат да имаат допосници од регионалните центри со регулиран статус.