• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!

    Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!

    • Категории Активности
    • Датум ноември 2, 2025

    По повод Меѓународниот ден за борба против неказнивоста за злосторства врз новинари, кој се одбележува денес, 2-ри ноември, мрежата SafeJournalists предупредува на загрижувачки регионален тренд: многу пријавени и непријавени инциденти, мал број изречени пресуди и голем број случаи кои сè уште се во постапка. Овие наоди го нагласуваат клучното предупредување — борбата против неказнивоста е заедничка одговорност на институциите, судството и целото општество.

    Црна Гора

    Во базата на SafeJournalists се евидентирани 22 случаи. Во периодот од 1 јануари до 30 јуни, полицијата регистрирала 14 случаи. Судовите донеле 4 осудителни пресуди, со што Црна Гора се издвојува според бројот на завршени постапки. Истовремено, 7 случаи се пред обвинителството, 2 пред судовите, а статусот на уште 2 случаи е непознат. Забележани се и 4 случаи на неосновано судско или административно вознемирување, вклучително и SLAPP тужби. Дополнително, во 3 случаи новинарите биле вербално нападнати од високи функционери, без покренати постапки, според достапните информации.

    Босна и Херцеговина

    Во базата на SafeJournalists во 2025 година се регистрирани 30 инциденти против новинари и медиумски работници. Мал број од нив биле пријавени до надлежните институции: 9 во полиција и 6 во обвинителство. Досега се регистрирани два судски исходи — една осудителна пресуда (против напаѓач на новинари) и едно ослободување на новинарка. Најмалку три случаи се во тек пред обвинителството, а два пред судовите, што укажува на бавни постапки и мал број конечно решени предмети.

    Северна Македонија

    Во 2025 година се регистрирани 3 случаи во базата, сите пријавени во Министерството за внатрешни работи. Еден случај — нападот врз екипата на ТВ Алсат — заврши со осудителна пресуда за напаѓачите. Останатите два се сè уште во постапка: еден во рамки на МВР, а другиот пред обвинителството.

    Хрватска

    Во 2025 година во базата на SafeJournalists се запишани 24 случаи, од кои 12 биле пријавени до надлежните органи. Според Хрватското новинарско здружение, најмалку 3 случаи се пред обвинителство, а 1 пред суд, што укажува на бавно судско постапување и мал број конечни пресуди.

    Косово

    Во периодот од 1 јануари до 31 октомври 2025 година се регистрирани 63 случаи. За 12 од нив постојат официјални полициски или обвинителски информации — 2 завршиле со пресуда, а 10 се во тек. Останатите 51 случаи се пријавени само до Здружението на новинари на Косово (AJK) и не се евидентирани од надлежните институции, што укажува на длабок јаз помеѓу реалниот број инциденти и институционалниот одговор.

    Албанија

    Вкупно се регистрирани 36 случаи. Осумнаесет директни закани и напади биле пријавени во полиција, а 4 случаи се моментално пред обвинителството. Поради разлики во податоците помеѓу институциите, нема сигурни информации за отфрлени пријави или судски исходи. Засега се познати 4 активни случаи пред обвинителство, додека податоци за судски постапки не се достапни.

    Србија

    Во базата на SafeJournalists се евидентирани 238 случаи, од кои според достапните информации, 136 биле пријавени во полиција и обвинителство. Седум кривични пријави биле отфрлени, а судовите донеле само една осудителна пресуда. Во моментот има 126 случаи пред обвинителството, а во 2 случаи е поднесено обвинение. Дополнително, евидентирани се 33 непријавени случаи, што дополнително ја открива распространетоста на неказнивоста и недовербата во институционалната заштита.

    Поради големиот број случаи и несогласувањата помеѓу евиденцијата на мрежата и онаа на обвинителството, недостасуваат податоци за дел од предметите. Новинарите во Србија — особено по 1 ноември минатата година и трагедијата во Нови Сад — се изложени на чести напади. Во изминатите 12 месеци е забележан рекорден број физички инциденти, најчесто за време на протести и јавни собири. Нападите главно доаѓаат од поддржувачи на власта, а значителен дел ги извршиле полициски службеници — токму институцијата што треба да ги заштитува новинарите.

    Сè поголем број медиумски работници пријавуваат дека биле нападнати од полиција или дека полицајци останале пасивни сведоци на насилство врз новинари. Истовремено, многумина воопшто не ги пријавуваат инцидентите поради недоверба во институциите и бавните, неефикасни постапки за веќе пријавените случаи.

    Овие податоци јасно покажуваат дека неказнивоста останува системски проблем. Ги повикуваме сите институции да обезбедат побрзи истраги, ефективно гонење и конзистентно санкционирање, како и заштитни механизми кои гарантираат безбедност на новинарите и пристап до правда.

    Во некои земји од Западен Балкан, статистиката за напади врз новинари и неказнивоста што следи е алармантна. Не смееме да чекаме бројот на напади да расте, а напаѓачите да остануваат неказнети. Потребни се решителни и конкретни чекори за создавање безбедна средина и правна рамка што ќе овозможи слободно и одговорно новинарство во регионот.

    Неказнивоста за напади врз новинари не само што ги загрозува нивните животи, туку ги поткопува и основните вредности на демократијата, слободата на изразување и правото на информираност. Без соодветна заштита, новинарите стануваат мета, а граѓаните остануваат без навремени и точни информации.

    Ги повикуваме меѓународните организации и институции да продолжат да ја поддржуваат зајакнувањето на владеењето на правото и медиумските слободи во регионот и да извршат дополнителен притисок врз властите за преземање конкретни чекори во борбата против неказнивоста.

    Мрежата SafeJournalists ќе продолжи со своите напори за обезбедување безбедна средина за новинарите и одбрана на медиумската слобода — темелот на секое демократско општество.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили
    ноември 2, 2025

    Следен

    Повик за доставување за објавен новинарски текст-видео сторија на тема: „Справување  со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    ноември 5, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?