Новинарите и медиумските работници од полошкиот регион на средба со градоначалникот на Тетово

Во Тетово се одржа средба на новинарите членови на ЗНМ од Тетово со претставници на општината во обид да се надминат некои тековни предизвици во однос на двонасочната комуникација меѓу општинските власти и медиумите. На средбата присуствуваа колегите од Тетово, заменик претседателот на ЗНМ Сенат Зулбеари и градоначалникот Биљал Касами.
Беше договорено дека еден ден во месецот ќе се реализира средба помеѓу новинарите и медиумските работници од Тетово со шефовите на сектори во општината како би се зголемил квалитетот и унапреди комуникацијата со новинарите и медиумите во Тетово во интерес на навремено информирање на јавноста, брзо и ефикасно одговарање на прашањата што новинарите ги имаат до општината, како и да се надмине предизвикот со двојазичниот превод на прес конференциите и соопштенија од општината.

Ваквата заедничката неформална средба е од исклучителна важност која ја поткрепува посветеноста за отворена и двонасочна комуникација со јавноста и граѓаните.
Информираните новинари и медиуми се од витално значење за функционална демократија и доколку нема брз и ефикасен пристап до сеопфатни информации, способноста на новинарите да ја исполнат својата демократска улога е сериозно попречена лишувајќи ја јавноста од суштински извор на независни и објективни вести.
