• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • <strong>Не смее да се повтори грешката со платените кампањи во приватни медиуми</strong>

    Не смее да се повтори грешката со платените кампањи во приватни медиуми

    • Категории Соопштенија
    • Датум јули 13, 2022

    Деновиве во Собранието циркулира проблематичен предлог за измена на медиумските закони преку кој се брише активната забрана за владино рекламирање во приватните медиуми и истовремено се предвидуваат огромни суми за радиодифузерите од буџетот на граѓаните и тоа не само на централно, туку и на локално ниво.

    За разлика од владејачките политички партии, ставот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ), повеќе години наназад е принципиелен кога станува збор за платени кампањи со средства од граѓаните во приватните медиуми.

    Укажуваме дека не смее да се повтори враќањето на државните пари во приватните медиуми, бидејќи веќе е докажано дека оваа практика катастрофално ќе се одрази, како врз новинарството, така и врз медиумскиот пазар. Со повторувањето на оваа грешка, Македонија се враќа десетина години наназад кога на сличен начин медиумите директно се поткупуваа и се нарушуваше уредувачката и новинарската независност. Предупредуваме дека со вакви решенија ќе се нанесе директна, трајна и непоправлива штета на целиот медиумски сектор. Затоа, потребно е забраната за рекламирање во медиумите да остане законска обврска и таа да се почитува од сите единици на централната, локалната власт, како и од јавните претпријатија. 

    Aнонимниот предлог за измена и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) кој моментално е даден на разгледување на пратеничките групи е изработен во дискреција од политичките партии без спроведени консултации и вклученост на релевантни еснафски, новинарски и медиумски организации и без никаква јавна дебата. Обидот за протуркување и наметнување на вакви лоши закони на нетранспарентен и неинклузивен начин говори дека Владата и политичките партии немаат искрени намери да креираат решенија со кои ќе се гарантира независноста на медиумите и слободата на изразување.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ бара итна реакција за смртната закана упатена кон новинарот Фуркан Салиу
    јули 13, 2022

    Следен

    ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје одржаа летен камп за млади новинари во Охрид
    јули 16, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    SafeJournalists-announcement-30.03.2023
    SafeJournalists: Закани за новинарката Жаклина Таталовиќ на Твитер во Србија
    30 март, 2023
    Untitled-design-1-3
    SafeJournalists: Напад со огнено оружје врз Топ чанел во Албанија, убиен чувар
    27 март, 2023
    SJ-announcement-24.3.2023.
    SafeJournalists: Новинарите се цел на закани и онлајн говор на омраза во Босна и Херцеговина
    24 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?