• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Не смее да се дозволи закон за државно рекламирање во медиумите

    Не смее да се дозволи закон за државно рекламирање во медиумите

    • Категории Соопштенија
    • Датум декември 15, 2020


    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) уште еднаш силно го истакнуваат своето спротивставување на евентуалните измени на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои би било дозволено рекламирање на јавни институции во медиумите.

    ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ сметаат дека е недозволиво состојбата во медиумската индустрија да биде вратена на нивото од пред четири години кога со државни средства, на нетранспарентен начин беа плаќани астрономски суми во медиумите без никакви критериуми. Таа пракса на која се противевме беше оценета како лош пример за државен поткуп на медиумите и придонесе за влошување на состојбата во медиумите и зголемување на пристрасноста во нивното известување.

    Оваа реакција на четирите организации следи по вчерашната најава на премиерот Зоран Заев дека „во скоро време ќе биде даден предлог од МИОА за укинување на членот 102, односно негова промена за да може да ги помогнеме медиумите преку остварување договори со јавни претпријатија, општини и слично, во делот на нивната транспарентност и спроведување на нивните одлуки како што се седниците на управни одбори, на совети итн.“.

    Потсетуваме дека оваа изјава на Претседателот на Владата е во спротивност со владините политики, но и со претходните изборни ветувања на СДСМ дека нема да има јавни пари во приватни медиуми кои многу пати и јавно биле повторувани.

    Сметаме дека доколку ваквиот предлог биде прифатен нема да донесе никакво подобрување на состојбата во медиумите и слободата на информирање, туку напротив дополнително ќе го поремети и онака ранливиот медиумски пазар и ќе го засили клиентелизмот. Да се потсетиме дека парите на граѓаните завршуваа на приватни сметки, но не се трошеа за подобрување на квалитетот на програмата и содржини од јавен интерес, ниту за поголеми плати на медиумските работници.

    ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ не се против одредена финансиска поддршка за медиумите, чија што основна задача треба да биде штитење на јавниот интерес и на интересот на граѓаните. Сепак, сметаме дека таа помош треба да произлезе од претходна јавна дебата и да се води од начелото – „помош за професионалното новинарство“, односно финансиските средства исклучиво да смеат да се користат за проекти од јавен интерес, врз основа на претходни јавни конкурси и за подобрување на социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик-анализа на меѓународни стандарди и домашна регулатива
    декември 15, 2020

    Следен

    Медиумите растргнати меѓу етиката и сензационализмот
    декември 17, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    SafeJournalists-announcement-30.03.2023
    SafeJournalists: Закани за новинарката Жаклина Таталовиќ на Твитер во Србија
    30 март, 2023
    Untitled-design-1-3
    SafeJournalists: Напад со огнено оружје врз Топ чанел во Албанија, убиен чувар
    27 март, 2023
    SJ-announcement-24.3.2023.
    SafeJournalists: Новинарите се цел на закани и онлајн говор на омраза во Босна и Херцеговина
    24 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?