• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Не за платената политичка програма од јавни пари

    Не за платената политичка програма од јавни пари

    • Категории Активности
    • Датум октомври 2, 2020

    Претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и на Самостојниот синдикат на  новинари и медиумски работници (ССНМ) вчера имаа средба со министерот за правда Бојан Маричиќ на која разговараа за подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници и влијанието на политичките партии на независноста на медиумите.

    Една од темите на состанокот беше барањата на новинарските организации за измена на Кривичниот законик преку кои медиумските професионалци ќе бидат опфатени со посебни одредби во однос на нивната безбедност. Беше договорено ЗНМ и ССНМ да бидат дел од работната група за дефинирање на одредбите од овој закон во делот на кривичните дела кои се однесуваат на различните форми на напади и закани по безбедноста на новинарите и медиумските работници.

    Барањето на двете организации е промените во Кривичниот закон да бидат во насока на тоа нападите и заканите кон новинарите институциите да бидат должни да ги истражуваат и санкционираат по службена должност, а казните кон напаѓачите да се поголеми.

    „Институциите мора да ја адресираат неказнивоста и да бидат поефикасни кога станува збор за нападите и заканите кон новинарите бидејќи само така медиумските професионалци ќе можат слободно и без притисоци да ја извршуваат својата работа која е од јавен интерес“, истакнаа од ССНМ.

    ЗНМ и ССНМ исто така изложија аргументи во кои насоки треба да бидат измените на Законот за клевета и навреда со цел дополнителна заштита на новинарите, но и на Изборниот закон во делот на платена политичка програма. Претставниците на новинарските организации укажаа на негативните последици од јавните пари за платена политичка програма потсетувајќи дека на овој начин се корумпираат медиумите и се влијае на нивната уредувачка политика.

    Претседателот на ЗНМ, Чадиковски истакна: „политичките партии на последните избори си направија приватна журка во медиумите со нивните партиски кампањи а сето тоа беше на трошок на граѓаните а јавниот интерес не беше запазен“.

    Министерот Маричиќ се заложи во работните групи за измена и дополна на овие закони да има членови од ЗНМ и ССНМ кои ќе можат да ги изложат своите аргументи за барањата во насока на подобрување системските решенија во секторот. Според министерот, дел од  законите ќе се донесат до крајот на оваа година, а останатите кон почетокот на наредната.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ бара од ОЈО посебно одделение за решавање на напади кон новинари
    октомври 2, 2020

    Следен

    Собрание на ЗНМ: Стоп за насилството врз новинарите, најавени протести
    октомври 5, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?