Насоки за етичко известување на он-лајн медиумите(ВИДЕО)

Во организација на мрежата за медиумска писменост, од вчера започна неделата на медиумска писменост и ќе трае до 1ви ноември. Оваа година темата е „Размислувај критички, состави ја целата приказна“ посветена на различностите и на медиумската писменост.
За таа цел, во продолжение ги прикажуваме видеата кои се визуелизација на Насоките за етичко известување на онлајн медиумите, кои беа изработени од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) како партнерска организација на Советот за етика во медиумите (СЕММ).
Овие насоки, но и овие видеа служат за потсетување на основните етички правила за професионално известување за членките на Промедиа.мк.