• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Насилството врз новинарите има различни форми: како да се заштити слободата на говорот

    Насилството врз новинарите има различни форми: како да се заштити слободата на говорот

    • Категории Активности
    • Датум септември 27, 2024

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Јавното обвинителство и Министерство за внатрешни работи денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија одржа презентација на Прирачникот за безбедност на новинари, како продолжение на досегашните дискусии на прашања поврзани со безбедноста на медиумски работници.

    На настанот воведни обраќања имаа заменик амбасадорката на Холандската амбасада во земјава Манон Џенсен,  Младен Чадиковски претседател на Здружението на новинарите на Македонија и Елвин Вели, претседател на Здружението на обвинители.

    Порачаа дека во денешно време насилството има различни форми и затоа овој прирачник ќе помогне во препознавање на предизвиците со кои се соочуваат новинарите.

    Манон  Џенсен, заменик амбасадор на Холандија ја истакна клучната улога на новинарите и слободата на говор во секое демократско општество.

    „Новинарите се клучни во борбата против дезинформации, а за да можат активно да ја бијат оваа битка треба да бидат заштитени. Новинарството е јавно добро, новинарите треба да можат да работат без страв од напади, само во таква ситуација можеме да имаме општество каде што владее правото, а новинарите ќе можат да работат без страв за нивната безбедност и опасност од одмазда“ – изјави  Џенсен.

    Чадиковски порача дека нападите врз медиумските работници се мултиплицираат.

    „Денес нападите кон новинарите не мора да значат само физичко насилство. Вербалните закани и малтретирањата, преку онлајн платформи, се проблем. Новинарките се особено изложени на родово заснован говор на омраза и мизогинија, што дополнително го отежнува нивното работење.  Новинарите сè почесто се соочуваат и со правно насилство. Случаите на SLAPP тужби, кои се насочени кон замолкнување на новинарите преку исцрпување на нивните ресурси, се сериозен удар за нас. Неоснованите тужби, од политички или економски моќници, се закана за слободата. Економското насилство е уште еден голем предизвик. Несигурните услови за работа, ниските примања и честото прекршување на работничките права создаваат атмосфера на страв и самоцензура“

    Чадиковски ги повика полицајците, обвинителите, судиите, да не дозволат интересот на граѓаните да потоне во морето од предизвици.

    Елвин Вели, претседателот на Здружението на јавни обвинители рече дека сторителите на напади врз новинари треба побрзо да се идентификуваат и соодветно да се санкционираат.

    „Здружението на јавните обвинители исто така се вклучи и даде придонес во изготвувањето на овој прирачник, кој очекувам да биде навистина корисна алатка, не само за новинарите кои евентуално би се нашле во ситуација кога нивната безбедност би била загрозена, туку и за органите кои би постапувале во такви предмети. Исто така, целта на прирачникот е да делуваме заеднички и кон целокупната јавност, во еден дел и превентивно, за да демонстрираме дека нападите врз новинари и медиумски работници се недозволени и дека ќе бидат санкционирани“ , рече Вели.

    На настанот се обратија авторите на Прирачникот за безбедност на новинари, Никола Дујовски, професор на факултетот за безбедност и уредник на прирачникот, Билјана Арсовска од Основното јавно обинителство, Тони Ангеловски, Министерство за внатрешни работи и Иван Брешковски, адвокат, кои беа коавтори при изработката.

    Сите дадоа акцент на важноста на овој прирачник за новинарите, но и за институциите, како алатка која ќе биде од голема помош во случаи со напади на новинари. Беа споделени и примери од пракса, како новинарите да се заштитат пред се, како да постапат кога безбедноста ќе им биде загрозена, но и како институциите да постапат во вакви случаи.

    ПРИРАЧНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА НОВИНАРИ

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје
    септември 27, 2024

    Следен

    ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВЛИЈАЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО И ВРЗ МИКРОКЛИМАТА
    септември 27, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    16_9 (7)
    ЗНМ: Времето не смее да ја замени правдата за нападите врз новинарите
    2 ноември, 2026
    shared image (53)
    Претставници на Здружението на новинари на Турција од Анкара во посета на ЗНМ
    30 октомври, 2026
    16_9 (5)
    Тренинг – академија за новинари и медиумски работници – од иницијатива до реализација 
    29 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?