Кражба во весникот Лајм – ЗНМ бара од МВР итно да истражи

Од Весникот Лаjм до ЗНМ пристигна пријава дека минатата недела на 29ти октомври во просториите на овој медиум е извршена тешка кражба. Според колегите од Лајм, од страна на непознат сторител се одземени следните предмети: камера Sony Z150, камера Sony X70, камера Go Pro, 2 батерии за камери, 4 SD мемори за камера, статив (трипод) за камера, микрофон и буба од брендот Зенхајзер, Шуре и Сарамоник, три рефлектори за камери, две ташни за камери, како и лаптопи од брендовите Acer, Dell и Lenovo со што е предизвикана значителна материјална штета.
Случајот веднаш е пријавен во полициската станица Бит Пазар од страна на Фатиме Мемети, вработена во редакцијата на весникот, која дошла прва на работнотo место и забележала дека вратите се отворени. По пријавата, полицијата дошла на лице место и направен е увид.
ЗНМ упати барање до МВР во најитно време да спроведе детална истрага околу оваа кражба и мотивите за истите. За случајот ќе бидат информирани и претставниците на локалната меѓународна заедница.