Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Корисни дигитални алатки за работа од дома

ZNM
Thursday 26 March, 2020Thursday 26 March, 2020/ Thursday 26 March, 2020

Ситуацијата во која се наоѓаме во моментов налага да се избегнуваат контакти со други луѓе, да се работи од дома и да се користат дигиталните алатки при извршувањето на секојдневните професионални обврски.

За да ви ја олесниме меѓусебната комуникација и да го поедноставиме работењето од дома, решивме со вас да споделиме неколку корисни програми/апликации за работа препорачани од Online News Association.

  1. За полесна комуникација со вработените и споделување на работни задачи можете да користите една од следните апликации: Basecamp, Asana или Slack.
  2. За видео конференции можете да ги употребите апликациите: Zoom, Jitsi или Google Meet/Hangouts.
  3. За полесно управување со документите можете да ги користите: Google docs или Microsoft Office 365.
  4. Доколку користите небезбедна интернет конекција можете да користите апликации за VPN или за пасворди. За оваа намена ги препорачуваме: TunnelBear или LastPass.
  5. За зачувување на документите на интернет можете да ги користите Drop Box или Google Drive.
  6. Доколку имате потреба од дома да се поврзете на вашиот работен компјутер, тогаш ја препорачуваме апликацијата Anydesk.

 

Photo by freestocks on Unsplash

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: