Конститутивна седница на Управниот одбор на ЗНМ

На иницијатива на претседателот Чадиковски, вчера се одржа конститутивна седница на новиот Управен одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на која се првенствено дискутираше за една точка, а тоа е избор на заменик претседател на ЗНМ.
Чадиковски како негови заменици ги номинираше новинарите Сенат Зулбеари и Маја Јовановска, кои што би ја вршеле функцијата во негово отсуство во согласно со Статут на ЗНМ. Овој предлог беше усвоен со консензус од страна на сите членови на Управниот одбор на ЗНМ.
На оваа седница на Управниот се формираше и Комисија за членство чија обврска, како и досега е, да ги разгледува барањата за членство кои пристигнуваат во канцеларијата на ЗНМ и да одлучуваат за прием на нови членови а во согласност со Правилникот за членови на ЗНМ.