• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Конкурс за авторски текст/истражувачка сторија на тема: Напади врз новинари и медиумски работници – неказнивноста и влијанието врз слободата на медиумите

    Конкурс за авторски текст/истражувачка сторија на тема: Напади врз новинари и медиумски работници – неказнивноста и влијанието врз слободата на медиумите

    • Категории Активности
    • Датум мај 31, 2021

    Во рамки на проектот „Безбедни новинари во кризни ситуации“ (Кeeping Journalists Safe in Situation of Crisis), финансиран од програмата на УНЕСКО – “Global Media Defence Fund”, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), отворен е конкурс за изработка на три новинарски истражувачки стории на тема „Напади врз новинари и медиумски работници – неказнивноста и влијанието врз слободата на медиумите“

    Цел на конкурсот

    Новинарите и медиумските работници се под постојан притисок поради извршувањето на нивната работа и постојано се соочуваат со разни напади, навреди, онлајн малтретирање, закани. Оценките на релевантни фактори во фелата се дека овие напади продолжуваат поради постоењето на неказнивост, односно речиси непостоечко казнување на напаѓачите. Сепак, ретко кога новинарите во детали известуваат или анализираат за причините за овие напади, последиците од нив или пак, за начините за справување со овие напади.

    Овој конкурс е со цел да се зголеми видливоста и да се истакнат предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници, вклучително за посеопфатно покривање на заканите, навредите, нападите врз новинарите, (не)реакциите на соодветните институции, причините за постоечката неказнивост, судската пракса, а од посебно значење е и опфаќање на теми кои вклучуваат родова (не)еднаквост, односно нападите врз новинарките.

    Кој може да аплицира на конкурсот?

    На конкурсот може да аплицираат сите новинари од Северна Македонија без оглед на тоа дали во моментот имаат или не ангажман во медиум.

    Услови

    Сите стории треба да бидат изработени според највисоките професионални и етички стандарди и почитување на кодексот на новинарите. Финалната сторија треба да биде помеѓу 1.500 и 2.000 зборови.

    Начин и рок на аплицирање

    Заинтересираните новинари треба да го пополнат формуларот (симнете тука) во кој ќе ја образложат својата идеја и да го испратат на ssnm.info@gmail.com. Рокот за аплицирање е 20 јуни 2021 година, до 24 часот.

    Избор

    Изборот на оние новинари кои ќе бидат поддржани ќе го направи тричлена комисија составена од претставници на ССНМ и ЗНМ. Насоките на истражувањето и спецификите на темата која ќе се обработува ќе биде утврдена во координација со ССНМ и ЗНМ. Крајниот производ може да биде во сите новинарски форми: текст, видео, подкаст и друго, при што предлозите со мултимедијален пристап ќе имаат предност при изборот.

    Фонд

    Фондот за надомест по авторски труд изнесува 23.000 денари.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: коментарите на премиерот за документарецот на ИРЛ се непримерни
    мај 31, 2021

    Следен

    Како да се остане безбеден при покривање протести - Thomson Media
    јуни 2, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022
    321074802_459347589534712_4882222283147715049_n
    Избран претседател на Советот на чест при ЗНМ
    23 декември, 2022
    ZNM AVMU
    ЗНМ со барања од АВМУ за олеснување на работата на локалните медиуми и зајакнување на дописничката мрежа
    22 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?