• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Продолжен рокот за конкурсот за авторски стории на тема: Слободата на изразување и унапредување на безбедноста и правата на новинарите и медиумските работници

    Продолжен рокот за конкурсот за авторски стории на тема: Слободата на изразување и унапредување на безбедноста и правата на новинарите и медиумските работници

    • Категории Активности
    • Датум јули 16, 2021

    Во рамките на проектот „Унапредување на дијалогот помеѓу новинарските здруженија и парламентите од Западен Балкан за посилен граѓански сектор” (Improving the dialogue between journalists’ associations and parliaments in Western Balkans for stronger civil society sector), финансиран од страна на Сида преку проектот „Заштита на граѓанскиот простор – Регионален центар за развој на граѓанското општество“ во реализација на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), и на проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Здружението на новинарите на Македонија отвори конкурс за изработка на шест новинарски истражувачки стории на тема: „ Слободата на изразување и унапредување на безбедноста и правата на новинарите и медиумските работници – помеѓу теоријата и практиката (или – помеѓу утопијата и прагматизмот)“.

    Цел на конкурсот

    Овој конкурс има за цел:

    • Да се зголеми видливоста за клучните аспекти (добрите и лошите практики,  позитивни случувања, пречки и законски празнини) кои ја поддржуваат или ја попречуваат комуникацијата на новинарите и претставниците на законодавниот дом (пратеници, членови комисиски тела) за прашања од важност за слободата на изразување и безбедноста на новинарите
    • Да се истакне потребата од подобрување на безбедноста и социоекономската состојба на новинарите и медиумските работници со фокус на родовата еднаквост, како предуслови за слободни и независни медиуми и демократски развој на општеството.

    Кој може да аплицира на конкурсот?

    На конкурсот може да аплицираат сите новинари од Северна Македонија без оглед на тоа дали во моментот имаат или не ангажман во медиум.

    Услови

    Сите стории треба да бидат изработени според највисоките професионални и етички стандарди и почитување на кодексот на новинарите, на македонски јазик и преведени на албански или на англиски јазик.

    Финалната сторија треба да биде помеѓу 1.500 и 2.000 зборови.

    Начин и рок на аплицирање

    Заинтересираните новинари треба да го пополнат формуларот симнете тука во кој ќе ја образложат својата идеја и да го испратат на contact@znm.org.mk.

    Рокот за аплицирање е 10 август 2021, до 24 часот ЦЕВ.

    Избор

    Изборот на оние новинари кои ќе бидат поддржани ќе го направи тричлена комисија составена од претставници на ЗНМ и надворешни соработници.

    Насоките на истражувањето и спецификите на темата која ќе се обработува ќе биде утврдена во координација со ЗНМ.

    Крајниот производ (текст) може да биде во поткрепен и со други новинарски форми: видео, подкаст и друго, при што предлозите со мултимедијален пристап ќе имаат предност при изборот.

    Фонд

    Фондот за надомест по авторски труд изнесува 15.400 денари бруто.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Игнорирањето на повиците на линч за новинарите од Метаморфозис мора да престане
    јули 16, 2021

    Следен

    ЗНМ и КАС: обука за млади новинари - шанса за новата ера во медиумите заснована на интегритет и храброст
    јули 26, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022
    321074802_459347589534712_4882222283147715049_n
    Избран претседател на Советот на чест при ЗНМ
    23 декември, 2022
    ZNM AVMU
    ЗНМ со барања од АВМУ за олеснување на работата на локалните медиуми и зајакнување на дописничката мрежа
    22 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?